03 Мај, 2024
0.0451

Јовановска не очекува повеќе отпуштања наесен

Објавено во: Економија 23 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во неделното интервју на РСЕ, изјави дека оној најстрашен и најлош период од ковид-кризата е надминат и таа очекува извесен период да имаме една стабилност и намалување на невработеноста.

На прашањето дали ќе има повторно отпуштање на работници поради најавената можност од есен за повторно воведување на рестриктивни мерки, Јовановска изјави дека можеби ќе има како и секогаш.

„На пазарот на труд имаме лица коишто доаѓаат на евиденција на невработени, но имаме и лица коишто се вработуваат во тој период. Понудата и побарувачката на пазарот на труд и во ковид-кризата беше во едно големо движење. Имавме денови кога побарувачката на работна сила, односно огласените слободни работни места достигнуваа и до 8.000 слободни работни места на ден, некогаш беа 4.000, просекот беше околу 6.000 огласени слободни работни места. Движење верувам дека ќе има, но според мене ќе се стабилизира целата ситуација. Мислам дека оној најстрашен и најлош период, според мене, го надминавме и јас очекувам извесен период да имаме една стабилност и движење во една нагорна, односно позитивна линија во делот на пазарот на труд и во делот на вработувањата и намалување на невработеноста. Еве, во моментов, согласно сите протоколи, почнуваме со обуките за побарувани занимања, каде што ќе бидат вклучени над 500 лица. Имајќи предвид дека самите невработени лица во континуитет со нетрпение очекуваа и прашуваа кога ќе почнат со обуките, тоа ни дава за право да мислиме дека тие веќе се подготвени да се вклучат на пазарот на труд. Дел од нив се самовработуваат, односно преку тие занимања и занаети си регистрираат свои компании, дел веќе, кога ќе се стекнат со тие вештини и знаења, кога ќе го добијат сертификатот, полесно и побрзо се вработуваат кај друг работодавач“, вели Јовановска.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија