19 Мај, 2024
0.0280

Јовановски: Има можност за производство и во ноќна смена

Објавено во: Економија 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Компаниите коишто се регистрирани за работење во смени и ноќна работа и имаат потреба од одржување на континуитет на работниот процес, имаат можност да добијат дозвола за движење на вработен, информира денеска Зоран Јовановски, Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Комората има и други сугестии.

На интернет страницата на Стопанска Комора на Македонија (www.mchamber.mk) компаниите можат да најдат образец за издавање на Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа. За да биде валиден овој образец, компаниите регистрирани за работа во смени и ноќна работа кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, треба овој образец да го пополнат со потребните информации за работникот, да го вчитаат на нивен меморандум и да стават потпис и печат од одговорното лице во правното лице. Ваквата дозвола за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена исклучиво од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата, рече Јовановски.

Соопшти дека Стопанската комора на Македонија ја поздравува иницијативата на претседателот на Владата и одржувањето на првата седница на новоформираниот економски совет, замислен како тело што ќе се состанува по потреба. Јовановски вели дека комората принципелно нема да коментира мерки на политичките партии од земјава кои беа јавно презентирани викендов. 

„Стопанската комора на Македонија го искажува својот став за економски мерки предложени или преземени од страна на Владата и во тој контекст нема да коментира предлози на политички партии. Сепак, охрабрува тоа што очигледно во земјава се постигнува широк консензус во перцепциите дека постојнава ситуација бара длабоки и сеопфатни мерки. Во оваа прилика сакаме да и’ порачаме на Владата дека какви економски мерки и да донесе, најдобро би било тие да немаат одложено дејство од април, туку мерките да бидат со важност веднаш, вели Јовановски.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?