ЈП Државни патишта бара 84 инкасанти за новите патарини?
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Јавното претпријатие за државни патишта преку оглас за вработување на 84 инкасанти бара работници за наплата на патарина. Станува збор за плата од 19.760 денари. Дополнително, се бараат и 16 кандидати за советници и референти.
Во моментов се работи на изградба на новите наплатни станици во Градско, Гевгелија и Демир Капија.
На истите се воспоставува регистар на податоци и систем за електронска наплата, кој треба најпрво да се имплементира на коридорот 10.