ЈП Државни патишта бара работници
Објавено во: Македонија 28 Август, 2014
Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување на 40 работници.
Врз основа на член 23 од законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/17 од 17.02.2014 година - пречистен текст и бр.113/14), Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул.„Даме Груев“ број 14, во Скопје, објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на работници на определено време во Јавното претпријатие за државни патишта за следното работно место:
1. Референт - инкасант, во Одделението за наплата на патарина, во Секторот за одржување на патишта, сообраќајна сигнализација, заштита на патишта и наплата на патарина - 40 извршители, со исполнување на следните посебни услови:
- Средна стручна спрема - Сите видови на средна стручна подготовка - Работно искуство - 1 година - Дневното работно време од 07,00 часот до 19,00 часот и од 19,00 до 07,00 часот - Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа - Работа на празник и работа ноќе - Неделното работно време изнесува 40 часа - Основната плата изнесува 17.750,00 денари Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 02-9332/8 од 21.11.2013 годи- на и Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавното претпријатие за државни патишта бр.02-3821/8 од 30.05.2014 година, заинтересирани- те кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници соглас- но Законот за работните односи. Вработувањето ќе биде на определено време, до 31.12.2014 година. Заинтересираните кандидати кон пријавата треба да достават доказ за исполнување на условот за стручна подготовка и работно искуство. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Огласот трае 5 (пет) дена сметајќи го и денот на објавувањето. Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 5 дена од денот на завршување на рокот за доставување на пријавите. Лице за контакт Биљана Лазевска. Контакт телефон 02/3118- 044. Заинтересираните кандидати можат да достават пријава за вработување на работник, во писмена форма заедно со доказот за исполнување на условот за стручна подготовка и работ- но искуство, на следната адреса: ЈАВНО ПРЕТПИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул. „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје, со назнака „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта“ или во писарницата на Јавното претпријатие за државни патишта или на интернет адресата на Јавното претпријатие за државни патиштаwww.roads.org.mk. Некомплетната и ненавремената документација нема да се земе во предвид при разгледувањето пријавите. Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од В.Д. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.