03 Мај, 2024
0.0464

„ЈП Водовод и канализација“ ги пакува куферите, од утре влегува во барокната зграда

Објавено во: Економија 12 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Наскоро „ЈП Водовод и канализација“ ќе работи од новата барокна зграда.

Ова претпријатие почна да ги пакува куферите и од утре се сели во барокното седиште.

Во 2014 Скопски „Водовод“ зема кредит за да ја догради барокната зграда.

Поради одолговлекувањето и проблемите со градежната фирма која беше избрана за изградба на новата административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ , претпријатието во 2014 се задолжи 7 милиони евра за доизградба на објектот. 

Советниците на опозициската партија СДСМ се спротивставија на донесувањето на одлуката за задолжување на ЈП „Водовод и канализација“. Според нив ова јавно претпријатие треба да посвети поголемо внимание на обновата на водоводната мрежа во главниот град, како и на замена на азбестните цевки. Наместо да се довршува, советниците на СДСМ предложија да се продаде идната управна зграда на ЈП „Водовод и канализација“. Ако се земе во предвид предвидената каматна стапка од 8 проценти на годишно ниво, тогаш излегува дека ова јавно претпријатие за десет години ќе треба да врати вкупно 10 милиони евра.

Директорот, Бојан Василевски, тогаш потенцираше дека задолжувањето е неопходно, бидејќи веќе три ипол години плаќаат месечна кирија од 25.ооо евра.

„Имаше голем период застој поради тоа што градежната фирма „Алпине Бау“ отиде во стечај. Три ипол години плаќаме месечна кирија од 25.000 евра.  Досега за изградбата на зградата е исплатено околу два милиони евра, а комплетната изведба ќе чини околу 10 милиони евра колку што беше предвидено на стартот. Одлучивме да се задолжиме за да не се стави претпријатието во незавидна положба , да не може да си ги исплаќа тековсите активности, плати и оддржување на мрежата “, посочи тогаш Василевски.

Изградбата на управната зграда на „Водовод и канализација“ започна во декември 2011 година, а првичниот рок за нејзино завршување изнесуваше три години. Поради банкрот на изведувачот на градежните работи, градилиштето е ставено во мирување уште од јуни 2013 година.

Фото: билд.мк

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија