„Југословенската“ фабрика на легендарните „Томос“ мотори оди во стечај
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2018
Вработените во словенечката фабрика за мотори "Томос" предложија стечај на компанијата, објави РТВ Словенија.
Како што велат, тие го испратиле предлогот минатата недела, бидејќи не добиле плати, придонеси, платени такси и во некои случаи солидарна помош, објави Танјуг.
Фабриката, која е со седиште во Копер, пред три години беше купена од извесниот Istok Pikl, кој тогаш најави заживување на производството, но долговите и понатаму само се натрупуваат, пренесуваат словенечките медиуми.
Во последниве месеци, како што е соопштено од страна на РТВ Словенија, покрај неисплатените плати, компанијата престанаа да им плаќа и на добавувачите, по што сметката на компанијата беше блокирана.
Синдикалниот лидер Сашо Ристиќ изјавидека му е жал што ова се случува на компанија која има долга традиција и светски познат бренд.
Регионалните медиуми во последно време Пошта Словенија сакала со свој удел да влезе во „Томос“ и да помогне но се повлекла од таквото размислување..