26 Април, 2024
0.0336

Kаде е потешко да се најде работа, во малите или големите градови?

Објавено во: Економија 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Најголем дел од невработените во Македонија се концентрирани во три македонски градови,  Скопје, Куманово и Тетово, додека во другите општини бројот на жители, но и бројот на невработени е помал.

11.371 невработени има во Куманово, 17.715 во Скопје и 12.825 во Тетово. Во земјата има 100.060 невработени лица, од кои 46.927 се жени, а остатокот се мажи.

Но, и во малите места, бројот на невработени не е за занемарување. Во Берово има 1.268 невработени, во Дебар 1.994, во Делчево 1.141, 1.381 во Кавадарци, 2.465 во Кичево, 2.414 во Кочани, 2.488 во Крива Паланка.

Но, се смета дека во поголемите градови е полесно да се најде работа, затоa што има повеќе индустриски капaцитети и повеќе слободни работни места. Во малите места изборот е стеснет.

„Во поголемите градови да се најде работа во фабриките не е проблем. Во рестораните, хотелите постојано има огласи. Вусшност во поголемите градови потешко е да се најде работник, отколку да се најде работа. Во делот на високо стручни кадри, за државна работа оди потешко. Сепак за обичен работник да се најде работа не е проблем. Во Битола на пример доаѓаат работници од Крушево, Ресен, Демир Хисар. Во помалите места изборот е помал, а сите знаеме дека во Скопје има најголем избор на работни места. Во моментов добрите кадри кои имаат стручност, дури можат да бираат и да одат од едно на друго работно место“, вели Зоран Почески, кој долги години работел за посредување при вработување.

Додава дека има луѓе кои имаат дипломи, но немаат пракса и тоа претставува проблем во процесот на пронаоѓање на работа.

Но, жителите на малите градови велат дека е тешко да најдат работа во својата општина.

„Во Пробиштип моментално вработувања има во фабриката за акумулатори, во рудникот Добрево и за леарницата има најави. Има вработени кои патуваат секојдневно за Штип бидејќи е поблиску, но има и луѓе кои се вработени во Скопје, а дома си доаѓаат за викенди. Во суштина поголем е бројот на луѓе кои работат во Штип и Скопје“, вели Марија Ф. од Пробиштип.

Скопје, Тетово, Штип и Струмица сега се градови кои имаат најголем број на слободни работни места. Зад нив се Виница, Куманово, Прилеп и Охрид. Понатаму се редат Битола, Велес и Кочани, додека најмалку слободни работни места има во Демир Хисар, Ресен, Берово, Крушево. Во овие градови бројот на работни места кои се слободни често е под 10. Во незавидна положба се и жителите на Дебар, Делчево, Кратово, Македонски Брод каде има помеѓу 10 и 20 слободни работни места.  Во Радовиш и Пробиштип има по 30-тина слободни работни места. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9