16 Јануари, 2025
0.0308

Каде има слободна градежна парцела и која е цената на становите? – Катастарот ќе води нови регистри!

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Три нови регистри ќе воведе Агенцијата за катастар за недвижности, со кои сите потенцијални инвеститори од кое било место во светот ќе можат онлајн да добијат податоци каде има слободни градежни парцели во Македонија,  која е цената на  недвижноста за која се заинтерсирани,  како и стандардизирана адреса со точна локација. Регистарот за недвижности ќе може да се користи од првиот квартал на 2016 година, а во него ќе бидат евидентирани сите парцели каде е предвидено да се гради. „Компании од цел свет ќе имаат пристап до овој регистер. Со неколку клика на Интернет, ќе ја погледнат целата територија на Република Македонија, конкретен град и населено место“, појаснија владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и директорот на Агенцијата Славе Трпески. Проектот ќе се финансира од државниот буџет и чини половина милион евра. Регистарот на цени е предвидено да им биде од голема помош на заинтересираните купувачи, кои со него нема да можат да бидат измамени при купување на стан, куќа, земјоделско земјиште, парцели, локации за трговски центри. „Регистарот ќе ги содржи цените за сите продажби и закупи на недвижностите, како и дополнителните податоци за недвижностите, како што се година на градба и на реконструкција, материјал на градба, микро, макро локација, близина до јавни објекти, достапност до струја, вода, гас“, појаснува Трпески. Доколку некој, на пример, сака да купи стан во Кисела Вода, тој преку овој регистер ќе може да ги погледне и спореди цените на станови во секој дел на Кисела Вода и околните населби, на нивната претходна цена, на локацијата. Агенцијата работи и на дефинирање на прашалник за податоците на недвижностите коишто ќе треба да ги пополнат граѓаните и компаниите кои ќе извршат промет со недвижностите односно ќе ги издават под закуп. Регистарот на адреси, пак, како пилот-проект ќе се воведе најпрвин на подрачјето на Град Скопје и тоа до декември 2016 година. Тој се воспоставува врз основа на европската Директива за адресите во државите-членки на ЕУ. Ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќите, односно стандардизирани адреси.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката