Каде наврна најмногу, а каде најмалку дожд?
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016
Во текот на изминатoто деноноќие најмногу дожд наврнало во Лазарополе и тоа 42 литри на квадратен метар.
Понатаму следат Маврово со 31, Пожаране 29, Дебар 27, Тетово 25, Крушево 23, Охрид 22, Претор 21, Струмица, Тополчани, Крива Паланка, Битола и Прилеп 12, Берово и Куманово 10, Скопје 9, Штип 6, Дојран, Виница и Демир Капија 3 и во Гевгелија и Ѓуриште два литри на квадратен метар. Ова го покажуваат податоците на УХМР.
Ова утро беше студено. Измерените температури се движеле од 1 во Маврово, 4 во Ѓуриште, 5 во Пожаране, 6 во Лазарополе и Крушево, 7 во Тополчани, Берово и Крива Паланка, 8 во Куманово, Скопје, Дебар, Тетово и Прилеп, 9 во Штип, Битола, Виница, Струмица и Претор, 10 Скопје Петровец и Дојран, 11 во Охрид и Демир Капија до 13 во Гевгелија.
Претпладне во западните и северните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Преку денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарите повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 15 до 21 степен.
Пораст на дневната темпеартура ќе има утре, а потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд поинтензивни од вторник попладне и во среда.
Следниот четврток, петок и сабота ќе имаме врнежи од дожд.