Каде отпловија бродовите на НАТО?
Објавено во: Свет 23 Јули, 2018
Во јужното пристаниште Одеса, во Украина, поморска група на НАТО вплови денеска, соопшти прес-службата на украинската морнарица. Во соопштението стои дека пристигнале бродовите на НАТО – поморска група 2 и група 2 за дејства против мини. Не се знае колку долго ќе трае посетата, ниту која е нејзината цел.
Во земјата минатата недела финишираше меѓународната вежба во која учествуваа поморски, противвоздушни, противподморнички и спасувачки сили. Во вежбите дел беа силите на повеќе земји, меѓу кои Украина, САД, Бугарија, Канада, Данска, Естонија, Грузија, Грција, Индија, Италија, Литванија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Шведска, Турција, Обединетите Арапски Емирати и на Велика Британија.