ПРОТЕСТ: Улицата пред Собрание блокирана
Каде се парите за превенција на ХИВ?
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Во буџетот за 2017 да се предвидат најмалку 65 милиони денари побараа денеска на протестот пред Собрание повеќе невладини организаиции.
Оттаму порачаа дека со скратениот буџет на само 27 милиони денари колку што Владата предвидува, ќе се зголеми бројот на новозаболени лица а предупредија и за ширење на епидемијата.
Протестот доби поддршка и од опозицијата откаде што велат дека поднеле и амандмани на новиот буџет за зголемување на парите за оваа намена.
Од СДСМ велат дека „Власта на Никола Груевски ги става под ризик граѓаните, ја зголемува можноста за ширење на ХИВ вирусот, ги загрозува животите на пациентите кои веќе се лекуваат!“
„Со овој несериозен однос на владата може да довдеде до
фатални последици! Нови 860 ХИВ позитивни лица до 2030 година, како и 290
смртни случаи до 2030. Дополнително загрижувачки е и тоа што на крајот на
годинава Глобал фонд ја напушта Р.Македонија. Со тоа ќе секнат и парите за
превенција на ХИВ од овој фонд. Ние, пратениците на опозицијата затоа го поддржуваме овој
протест против кратење средства од Буџетот за оваа намена и сакаме да порачаме,
тоа нема да го дозволиме! Поднесовме амандман за зголемување на средствата во
Буџетот за 2017 година за програмата за превенција од ХИВ-СИДА.“, изјави пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.