Каде се родија најмногу бебиња за 1 јануари?
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2019
Бројот на раѓања предвиден за 1 јануари 2019 година изнесува 395.000, според податоците на УНИЦЕФ, објавени денеска.
"Една четвртина од нив се родени во Јужна Азија, од кои повеќето во Индија со 70.000 новороденчиња. На второ место е Кина со 45.000, а Нигерија е трета во светот и прва во Африка со 26.000 бебиња", рече УНИЦЕФ.
"Овие бебиња нема да добијат вистинска медицинска помош во повеќето случаи", објави УНИЦЕФ, додавајќи дека во 2018 година околу еден милион бебиња умреле на денот кога биле родени, додека уште 2.5 милиони умреле по еден месец откако се родиле.