Каде се токмеле од Солун да побегнат Грујевски и Бошковски?
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017
Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои вчера беа уапсени во Грција, по распишана потреница од Интерпол, наводно од Грција сакале да заминат за Будимпешта, пишуваат грчките медиуми.
Повикувајќи се на информации од грчкото МВР, медиумите во Грција јавуваат дека двајцата македонски државјани, поранешни припадници на разузнавачка служба, со фалсификувани пасоши се уапсени на солунскиот аеродром, од каде што наводно сакале да заминат за Будимпешта.
Тие се во бегство од 18-ти јули, откако Кривичниот суд- Скопје 1 им одреди мерка притвор.Од СЈО двајцата се обвинети во предметот „Тврдина“.
35-годишниот Бошковски и 51-годишниот Грујевски, се обвинети за нелегално прислушување. За нив имаше распишано меѓународна потерница.
Читајте уште
Грчките служби ги откриле Грујевски и Бошковски по лошо изработените бугарски пасоши