Каде вчера се истури најмногу дожд?
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Крива Паланка, покажуваат мерењата на УХМР.
Во Крива Паланка паднале 47 литри дожд на метар квадратен, потоа следи Струмица со 31, Скопје – Зајчев Рид со 25, Штип со 20, Скопје – Петровец 19, Куманово 18, Демир Капија 17, Ѓуриште 15, Берово девет, Тетово, Виница и Маврово седум, Охрид и Пожаране шест, Крушево, Дојран, Гевгелија и Тополчани пет, Прилеп четири, Битола два и во Претор еден литар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи, особено во источните делови.
Од утре ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.