МАКЕДОНИЈА ДАЛЕКУ ОД НИВ: Кaде во Европа има високи плати?
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019
Ниските плати Македонија ја рангираат на непопуларни места кога се во прашање листи за примања.
Нашата земја е речиси на дното на листата, заедно со Албанија, Косово, Молдавија, по просечна нето-плата меѓу државите во Европа за 2018 година.
За разлика од македoнските 390 евра, во Европа платите се многу повисоки.
Така Франција има 2.225 евра, Шпанија 1.749 евра, Португалија 925, 1.758 во Италија.