Кафеана во Лептокарија го оставала градежниот шут покрај објектот
Објавено во: Македонија 22 Март, 2022
Инспекторатот на Град Скопје вчера извршил вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект ДПТУ БНМ БУРЕ ДООЕЛ (кафана Буре -Срна) и констатирано е дека кафаната од трговскиот центар Лептокарија во општина Карпош не го одложувала правилно отпадот.
При надзорот на овластениот инспектор за животна средина на Град Скопје беше затекнат градежен шут, стекнат со реновирање на самиот објект, кој бил неправилно депониран (покрај самиот објект,спротивно на Законот за управување со отпад). На правниот субјект му било врачено решение за да го отстрани правилно градежниот шут на овластена депонија Дрисла.
„По службена должност известен е овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош (чија надлежност се правни субјекти од таков вид,согласно горенаведената Уредба) да изврши надзор кај правниот субјект ДПТУ БНМ БУРЕ ДООЕЛ (кафана Буре -Срна) и истиот да го задолжи да го изработи потребниот Елаборат“, наведено е дополнително од инспекторатот.