03 Мај, 2024
0.0280

Како да ќариме од транзитните туристи?

Објавено во: Економија 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија е земја низ која поминуваат бројни странски туристи на пат кон Грција, но додека патуваат за да стигнат на море, голем дел од нив ја испуштаат шансата да посетат некој македонски град, локалитет, знаменитост.

Нашата земја би можела да заработи од транзитните туристи, кои во текот на летото минуваат низ Македонија. Aвтопатот од релацијата Куманово – Гевгелија транзитните туристи го минуваат за околу три часа.  Само по Коридорот 10 низ нашата земја транзитираат по 3.5 милиони туристи, беше соопштено лани од владин претставник.

„Повеќе пати сум поминувал низ Македонија, и за мене е убава земја од она што попат можев да го видам. Поминавме со автомобил покрај Велес, но не свративме во градот“, вели Милош М. од соседна Србија.

Оние кои патувале преку агенција, велат дека попат нема многу места каде може да се застане и да се испие кафе.

„Два пати поминував низ Македонија на пат за Грција. Застанувавме само на бензинска пумпа за да купат луѓето цигари, не знам за кое место точно се работеше. Сум поминувала низ Македонија, но не сум посетила ниту еден македонски град“, вели девојка од БиХ.

Се работи за еден посебен вид на туризам кој дава можност да се креира посебен вид на понуда наменета исклучиво за патници /туристи на поминување преку одредена територија  која за нив не е крајна дестинација за престој, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам.

„Постоењето на таква понуда е темел за развој на транзитниот туризам. Секогаш треба да се има на ум дека патувањето на туристите до крајната точка на дестинацијата внесува доживувања на чувства кај патниците /туристите (позитивни или негативни ) и од атрактивностите  на попатните застанувања кои ги користат било да е тоа со ноќевање или само одредена временска пауза од неколку часа. Основна цел на транзитниот туризам е во вкупниот простор на туристичкиот потенцијал да воспостави силна релација помеѓу инфраструктурната опременост и туристичката понуда на транзитните патни правци. Во Македонија таква усогласена релација не постои со години наназад. Промоцијата на подрачјата низ кои се патува не е во согласност со инфраструктурната опременост во хотелско - угостителски капацитети соодветни за овој вид туризам. Тие недостасуваат во голема мера долж Коридорите 10 и 8. За да поттикнете дополнителна потрошувачка кај транзитните туристи понудата треба да ви биде комплетна  и тоа од  промоција, сместување  до продажба на локални производи(приказни) од секој вид. Што значи се работи за недостаток на можности, а не за недостаток на желба кај тој тип на туристи“, вели таа.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изминатиот период направиле промоција на Македонија во странство преку онлајн-рекламирање во 12 земји, во Словенија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Хрватска, Полска, Романија, Шведска, Естонија, Израел и Турција. Туристичката понуда на земјава е претставена и на осум интернационални саеми.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија