02 Мај, 2024
0.0269

Како до поголема плата?

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

За да добиете покачување морате прво самите да бидете убедени дека го заслужувате, па потоа морате да го убедите и претпоставениот дека во таа компанија вредите повеќе.

Прашајте веднаш – Ако верувате дека заслужувате покачување, побарајте го побргу – немојте да одложувате и да чекате тој да ви го понуди.

Бидете реални – Во својата проценка, колку вредите и колку работодавачот може и сака да плати. Имајте јасна бројка на ум пред да тргнете во преговори. Избегнувајте споредби и никогаш пред шефот немојте да ја споредувате својата плата со туѓите.

Допринесувајте – Запомнете дека шефовите сакаат вработени кои што допринесуваат во успешноста на фирмата – зголемување на продажбата и профитот, намалување на трошоците и времето потребно за да се заврши некоја работа, подобрување на корпоративниот имиџ, однос кон клиентите и привлекување на нови клиенти.

Одредете ја својата вредност – Одредете колку вредите на пазарот, споредувајќи се со другите луѓе на слични работни места во својата и во други фирми. Никогаш барањето на покачување немојте да го базирате на фактот дека ви требаат повеќе пари.

Бидете детални – Направете детална анализа на своето работно место и работата со која ја вршите. Бидете објективни во нагласувањето дека фирмата има корист од вашите способности, квалификации и искуство.

Очекувајте тешки прашања – Препознајте ги можните мани во своето барање и подгответе позитивни одговори.

Нагласете ги своите достигнувања – Ако сте биле пофалени спомнете му го тоа на својот шеф и напомнете ги своите можни идни достигнувања.

Користете ги преговарачките вештини – Бидете свесни за важноста на вештината на преговарање: слушајте внимателно што ви зборува вашиот шеф, избегнувајте препирки и давање на ултиматуми и ако е потребно, бидете подготвени на компромис.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци