Добивај вести на Viber
Младиот Никола за 1000 евра купил коњ од некој газда на ранч. Газдата ветил испорака за 2 дена. Следниот ден газдата дошол и рекол, жал ми е момче, коњот загина.
Никола рекол: Добро, тогаш вратете ми ги парите.
Газдата. Жал ми е, не можам, веќе ги потрошив.
Никола: Тогаш донесете ми го погинатиот коњ.
Газдата: Зошто?
Никола: Ќе распишам лотарија и наградата ќе биде коњ.
Газдата: Не можете тоа да го направите.
Никола: Секако дека можам, вие само гледајте. И немојте никако да кажете дека станува за збор за мртов коњ.
После месец дена газдата се среќава со Никола и го прашува што се случи?
Никола: Ништо посебно, распишав лотарија. За учество луѓето требаше да платат по 5 евра. Продадов 2.000 ливчиња и заработив 10.000 евра.
Газдата: Зарем никој не се пожали?
Никола: Не, се пожали само еден тип, тој што ја доби главната награда. Му ги вратив неговите 5 евра и му го покажав мртвиот коњ. Човекот не се бунеше.
Никола денес работи во банка.