08 Мај, 2024
0.0274

Како Европската унија го намали бројот на жртви во сообраќајни незгоди?

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Европската унија ја заврши 2018 година како една од најбезбедните години на патиштата и најбезбеден регион во светот. Но, покрај тоа сеуште околу 25 илјади луѓе секоја година ги губат животите на патиштата во унијата и многу повеќе се повредени.

Во 2018 година вкупно 25.100 луѓе го загубиле животот во сообраќајни незгоди, покажуваат официјалните извештаи. Тоа значи намалување за 21 процент во споредба со 2010 година. Минатата година 49 жртви е просекот на 1 милиони жители во ЕУ. 

На листата со најмал број на жртви во сообраќајни незгоди на 1 милион жители први се Велика Британија, Данска и Ирска, додека најголема бројка регистрираат Романија, Бугарија, Латвија и Хрватска.  Најголем прогрес во намалување на бројот на жртви во споредба со 2010 година бележи Грција (намалување 45 проценти), Литванија (намалување за 43 отсто),  Португалија (намалување за 35 проценти) и Словенија (намалување за 34 проценти).

Најголемо намалување во бројот на жртви во соообраќајни незгоди има во категоријата „возачи“ и тоа се должи на усовршувањето на технологијата за производство на автомобили. Пешаците, велосипедистите и мотициклистите и понатаму се ранлива категорија учесници во сообраќајот кај кои се бележи помалу намалување на бројките.

Инвестициите, мерките и стандардите кои Европската унија ги презема во процесот на производство на возила се клучни во намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди. Паралелно со големите инвестиции во инфраструктурата се клучот за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

Во документот кој што оваа година го објави унијата ја потврди заложбата за приближување до целта „нула жртви“ во сообраќајни незгоди. На следната декада 2020-2030 година ЕУ проектира намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 50 проценти и преполување на бројот на повреди во патиштата во земјите членки на ЕУ.

Што треба да направи Македонија за ја подигне безбедност на сообраќајот на патиштата?

Статистиката покажува дека во Република Македонија бројот на жртви во сообраќајни незгоди е 133 или во просек тоа е 88 жртви на 1 милион жители што е далеку под европскио просек. Во 2019 година нашата земја бележи зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди во споредба со лани и повторно постои ризик да бидеме многу подалеку од европскиот просек. Земјите од ЕУ одат напред, а Македонија каска во место. Една година намалување, втората година повторно зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

Институциите кои работат на оваа проблематика континуирано потврдуваат дека лошите навики на возачите, возењето под дејство на алкохол, брзото возење, непочитувањето на сообраќајната сигнализација се главните причини за сообраќајни незгоди.

Флуктуирачкиот број на жртви во сообраќајни незгоди без континуиран пад или раст е карактеристика за земјите во развој, односно тие кои немаат воспоставено квалитетен систем за управување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.  Последните статистички податоци во Репиблика Македонија покажуваат вакви трендови. 

Бројките покажуваа дека инвестициите во инфрасктурата се намалуваат. Опозициската ВМРО - ДПМНЕ деновиве обвини дека и во третата година од своето владеење оваа власт нема започнато ниту еден свој капитален проект.

Самиот факт дека 2014 е година со наголем број на жртви во сообраќајни незгоди,  додека 2018 година е историски годината со најмал број говори дека Република Македонија презема мерки за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.  Но, зголемувањето во 2019 година е факт кој загрижување, вели Стојче Стаменковски – поранешен Претседател на РСБСП.

Република Македонија како земја која е на праг да започне преговори за членство во ЕУ мора што поскоро да размисли за зголемување на средствата код буџетот кои се наменети за инфраструктирни проекти.  Паралелно со тоа мора да се работи на воспоставување на сериозен систем за управување со безбедноста на патиштата и нејзино подигнување на повисоко и позначајно ниво. Законската регулатива е прилично лоша и интензивно мора да се работи на нејзино подобрување. Секако едукацијата и превенцијата е процес во кој и понатаму треба да се вложува и инвестира, додава Стаменковски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава