26 Април, 2024
0.0258

Како Фатмир Етеми му ја зема круната градежен цар на Ванчо Чифлиганец?

Објавено во: Економија 07 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Четири од пет компании најголеми градители на станови во Скопје лани бележат значајни до големи падови на профитот. Тие се „Адора“, „Настел“, „Голден арт“ и „Жикол“. Единствен исклучок е ЗСФ КОМ фирмата што се прочу заради револтот на Аеродромци за градбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“. Фирмата на Фатмир Етеми, човекот што лани пријави бруто приходи од плата и надоместоци од 1,1 милиони евра, лани направи нето профит од 7,1 милиони евра.

Петте најголеми градежни компании специјализирани за изградба на станбени и деловни објекти: „Адора Инженеринг“, ЗСФ КОМ, „Настел“, „Жикол“ и „Голден арт“ лани оствариле вкупни приходи од 88 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од скратените искази на финансиските биланси достапни во базата на ЦРМ. Бизнисот на овие пет компании кои важат за најголеми или најзначајни градители на станови во Скопје, кумулативно, пораснал за 12 милиони евра во однос на 2017 година.Приматот што во 2017 година го имаше „Адора“ на Чифлиганец лани го превзеде Фатмир Етеми, сопственикот на фирмата ЗСФ КОМ, која беше многу актуелна лани по тоа што започна изградба на деветкатница во општина „Аеродром“ во близина на „Мајчин дом“ иако месното население протестираше неколку дена во континуитет. Етеми лани стана актуелен и по тоа што стана член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“, најголемата деловна банка во земјава и единствена во која доминира домашениот капитал. Во која неговиот најголем конкурент Чифлиганец е најголем акционер преку својата фирма „Адора“.

ЗСФ - КОМ лани ги зголеми за 4 пати своите приходи од продажба, што укажува на тоа дека компанијата се лансираше во градежниот свет. Нејзините приходи од продажба надминаа 21,5 милиони евра, а нејзините расходи беа на ниво од 13,3 милиони евра и тие пораснаа за 3 пати односно 300 отсто во споредба со 2017 година. Каков гигантски скок направи ЗСФ КОМ лани ќе илустрираме преку еден факт кој говори се: профитот на компанијата лани е 7,1 милиони евра! Тоа е за 7 пати повеќе од 2017 годинаОваа компанија сама лани направила профит што е поголем од добивките на „Настел“, „Голден арт“ и „Жикол“ заедно.

Верувале или не! Овој резултат ЗСФ КОМ го остварил со само 21 вработен. За потсетување Етеми е бизнисменот што лани пријавил бруто лични примања кои надминуваат 1,1 милиони евра, податок достапен во годишниот извештај на „Комерцијална банка“.

Второрангирана е „Адора“ со приход од 21,2 милиони евра што е за 14 отсто помалку од 2017 година. Добивката за лани е 4,75 милиони евра околу 15 отсто послабо од 2017 година, а бројот на вработени е за 26 помалку од 2017 година и изнесува 240 лица.

„Жикол“ лани имал приходи од 22,1 милиони евра, но оваа компанија во голема мерка работи и на изградба на други инфраструктурни објекти особено во нискоградбата. Нејзиниот приход е за 20 отсто помал од 2017 година, профитот е 2,15 милиони евра и е преполовен во однос на претходната година. И „Жикол“ го намалил значајно бројот на вработени. На крај на 2018 година има 483 вработени лица што е за 42 помалку од претходната година.

„Настел“ лани има значаен прогрес. Приходите од продажба се зголемени за два пати и изнесуваат 14,2 милиони евра. Неговата добивка е 3 милиони евра, пониска за 28 отсто во однос на 2017 година, а фирмата има вкупно 28 вработени.

Најмал во оваа групација е „Голден арт“. Приходите се за 25 отсто пониски од 2017 година и изнесуваат 8,75 милиони евра, добивката е 950.000 евра и е преполовена во споредба за 2017 година, а бројот на вработени е зголемен за 2 до 45 лица.

Кој колку вреди во големата петорка градители на станови?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија