КАКО ГО ПРЕЖИВУВААТ МЕСЕЦОТ: Овие работници земаат најмали плати во Македонија
Објавено во: Економија 25 Февруари, 2021
Компјутерските програмери дефинитивно се на врвот на листата по износот на плати, додека од другата страна, на дното се вработените во заштитни и истражни дејности.
Во тој сектор платите во Македонија во декември 2020 биле најмали и изнесуваат во просек 15.933 денари .
Во листата со најниски примања се редат вработени во производство на кожа и слични производи од кожа каде просечната плата е 16.777 денари.
Следуваат туристичките агенции и туроператори и вработени во таа дејност со плати во просек од 17.189 денари.
Помали од просечните плати земаат и вработени во секторот подготовка на оброци и служење на храна, Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата , работници во производство на облека, мебел како и рибарство и аквакултура.
На оваа листа место си најдоа и работниците од производство на мебел и други.
28.294 денари е просечната исплатена плата во декември 202.