Како големите банки во САД ќе се збогатат од планот на Трамп да ги намали даноците?
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017
Најголемите банки во САД ќе регистрираат годишен раст на профитот од 14%, ако претседателот на САД Доналд Трамп пристапи кон спроведување на плановите за намалување на даноците.
Пресметките на Bloomberg покажуваат дека кредитните институции можат да заштедат вкупно 12 милијарди долари годишно. Трамп размислува за намалување на корпоративниот данок од 35% до 15%.
Додека инвеститорите се фокусираат на ветувањата на новиот претседател за олеснување на банкарските прописи, даночните кратенки може да бидат спроведени побрзо и нивното влијание може да биде дури и поголемо. Ефективната даночна стапка на најголемите банки во САД достигна просек 28% за последните три години, почнувајќи од крајот на 2015, покажуваат податоците, анализирани од Bloomberg. Тоа е двојно повеќе во однос на процентите, кои ги плаќаат сите големи компании, имено - 14%.
Банкарските акции се движат во нагорна насока од претседателските избори наваму. Индексот кој го следи претставувањето на компаниите во банкарскиот сектор, KBW Bank Index е зголемен со 29%, а Goldman Sachs Group Inc. достигна рекордно високи нивоа оваа недела.
Заштедите од даноци на Wells Fargo & Co. во 2015 би биле 3,8 милијарди долари, ако даночната стапка беше 15%. Оценките покажуваат дека профитот на банката би бил со 16% повисок кај слична даночна стапка.
Кај JPMorgan Chase & Co. овие заштеди би можеле да достигнат 3 милијарди долари годишно, со што банката ќе забележи раст на нето добивката од 14%.