03 Мај, 2024
0.0257

Како изработи Пивара Скопје лани?

Објавено во: Економија 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје лани оствари добивка од 13,1 милиони евра и таа е повисока за 2,3 милиони евра во споредба со 2016 година. Приходот од продажба лани е 61,8 милиони евра и тој е повисок за 4,2 милиони евра од 2016 година

Пивара Скопје лани оствари приходи од продажба во износ од  61,8 милиони евра и во споредба со 2016 година тие се поголеми за 4,2 милиони евра, пишува во извештајот на независната ревизија објавен на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Извештајот покажува дека бруто добивката на компанијата лани изнесува 30,4 милиони евра и книжи раст за 1,3 милиони евра во однос на 2016 година. Најголема расходн ставка се трошоците за маркетинг и продажба. Лани тие изнесуваа безмалку 10 милиони евра, а пораснале за 0,5 милиони евра во однос на 2016 година. Административните трошоци на најголемата пиварница во земјава лани биле 4,15 милиони евра и се пониски за 440.000 евра во однос на 2016 година.

Нето добивката на Скопска пивара е 13,1 милиони евра и таа лани во споредба со 2016 година пораснала за 2,3 милиони евра. Лани друштвото исплати дивиденда од 12,3 милиони евра за успешното работење во 2016 година.

На македонскиот пазар најголем конкурент на Пивара Скопје е Прилепската пиварница која бележи континуиран раст на приходите, но е значајно помал производител од Пивара Скопје. Лани прилепската компанија остварила приход од 28,7 милиони евра и тоа е речиси на половина од приходот од продажба на Пивара Скопје. Нето добивката на Прилепска пиварница лани била 2,9 милиони евра.


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен