05 Мај, 2024
0.0252

Како, кога и колку ќе чини се: Обновата на Нотр Дам ќе потрае со децении

Објавено во: Свет 18 Април, 2019

Добивај вести на Viber

За поправка и обнова на катедралата Нотр Дам, една од најпознатите згради во светот, ќе биде потребно многу време, можеби дури и децени, што е многу подолг период од што замислил францускиот претседател Емануел Макрон.

Експерти за архитектура велат дека поправките би можеле да бараат комплицирана рамнотежа помеѓу обновата на единствениот изглед на величенствената зграда и утврдување на структурата за таа да би можела долги години да остане да стои.

-Ова ќе биде бавен процес и ќе треба многу време - рекол Џон Касбаријан, декан на Школото за архитектура при универзитетот Рајс, пренесе  "USA Today".

Поголем дел од работите ќе се фокусираат на реконструкција на кровот, првично изграден од дрво, рекол Касбаријан, и очекува дека ќе трае најмалку 10 до 20 години. За среќа, црквата има прецизен систем на документација, за се што се наоѓало внатре, рекол тој.

-Прашање е само како да се направи и замени секое праче кое е уништено-рекол тој.

Според зборовите на експертите безбедноста мора да биде на прво место.

Прв приоритет за реставраторите ќе биде инсталирање на привремен кров на зградата, вели архитектот Џон Бартон кој работел на конзерваторските работи на англиски готски цркви како Кантерберијската катедрала и Вестминстерксата палата. Тоа ќе им помогне на експертите да извршат детална инспекција на локацијата - посебно, колку е безбедна структурата.

По заштитата на објектот, реставраторските тимови ќе почнат со проценка на нивото на штета. Тој процес би можел да трае со години, рекол тој за СиЕнЕн.

Во текот на годините, историчарите и археолозите ќе направат исцрпни планови и слики, вклучувајќи и детални, 3Д ласерки прикази на внатрешноста. 



FOTO: TANJUG/AP

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време