26 Април, 2024
0.0296

Како „Комерцијална банка“ му подари милион евра на „Гранит“?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Вредноста на акциите што „Гранит“ ги поседува во „Комерцијална банка“ додадоа 1,1 милиони евра во добивката на компанијата. Оперативната добивка е 144.600 евра

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ имаше феноменален квартал од аспект на приходите од продажба. За првите три месеци лани компанијата оствари приход од продажба во износ од 13,9 милиони евра и тие во споредба со истиот период лани се повисоки за 2,7 пати. Компанијата има оперативна добивка од 144.600 евра што е 1 отсто од приходите од продажба затоа што оперативните расходи се на ниво од 14,4 милиони евра. Вкупните оперативни приход на „Гранит“ за првите три месеци се 14,56 милиони евра.

Доминантен дел од приходите се остварени на домашниот пазар и тие изнесуваат 13,82 милиони евра.  А најголема расходна ставка се услугите со карактер на материјални трошоци кои изнесуваат 6,34 милиони евра. Во овој период компанијата имала позитивна разлика меѓу финансиските приходи и финансиските расходи и таа изнесува околу 23.000 евра.

Добивката од редовно работење на „Гранит“ за овој кварта изнесува 167.000 евра. 

Клучен фактор што влијае врз профитот на компанијата во овој период е капиталната добивка од акциите на „Комерцијална банка“ што лани во првиот квартал од годината ги купи „Гранит“. Според билансот на успех нивната пазарна цена придонесува во добивката со 1,1 милиони евра. Соодносот на профитот од дејноста и профитот од капиталната добивка се 6 наспрема 1 во корист на капиталната добивка.

Колку капиталната добивка се меша во ќарот на „Гранит“?

Половина од добивката на „Гранит“ лани нема никаква врска со дејноста на фирмата. Капиталната добивка направена како разлика од куповната и пазарната цена на акциите на „Комерцијална банка“ што ги поседува „Гранит“ изнесува 2,38 милиони евра, а добивката од оперативното работење е 1,8 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра