23 Ноември, 2024
0.0278

Како крпат и колку пари вртат македонските фудбалски прволигаши? Сите на куп се собраа во 8 милиони евра!

Објавено во: Економија 22 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Македонскиот фудбал е далеку од најпопуларните европски лиги. Најмногу навивачи одат на нашите стадиони само кога игра македонската сениорска репрезентација. Полни трибини на прволигашки натпревари се исклучок од правилото... Колку пари толку музика, тоа е заклучокот кога ќе се види со колку пари ја тераат годината

Клубовите од Првата македонска фудбалска лига за една сезона имаат на располагање повеќе од 8 милиони евра! Ова се официјални податоци од ревидирани финансиски извештаи за најсилните македонски фудбалски клубови во 2022 година односно за екипите кои се натпреварувале во Првата македонска фудбалска лига.

Анализата на податоците води на логичен заклучок дека клубовите со повеќе пари односно со поголеми буџети се подобро пласирани. Но тука има два куриозитети!

Фудбалскиот клуб со најголем буџет во даночната 2022 година е тетовска ФК „Шкендија“ која за таа година располагала со за македонски услови фантастични 3,2 милиони евра. Но и покрај тоа ФК „Шкендија“ првенството 2022/23 година го завршува на трето место.

Вториот куриозитет е тоа што првакот на Македонија, струшкиот приватен клуб „Струга Трим Лум“ за 2022 година уште не поднел ревидиран финансиски извештај до Македонската берза за хартии од вредност.

Така што имаме состојба во која не знаеме колку пари му требале на ФК „Струга Трим Лум“ да ја освои титулата првак на Македонија.

Според расположливите податоци во сезоната 2022/23 година во Првата македонска фудбалска лига се натпреварувале 11 фудбалски клубови https://www.transfermarkt.com/prva-makedonska-fudbalska-liga/tabelle/wettbewerb/MAZ1?saison_id=2022


Првак бил „Струга Трим Лум“, а лигата ја напуштиле екипите на ФК „Скопје“ и на прилепскиот прволигаш „Победа“. Достапните податоци покажуваат дека двата клуба кои испаднале имале убедливо најмали буџети во оваа конкуренција!

Најсиромашен клуб во Првата лига лани бил ФК „Скопје“ од Автокомадна кој годината ја крпел со буџет од 140.000 евра. За 2022 година овој клуб имал загуба од 2.200 евра.

Прилепска „Победа“ сезоната ја завршила како последно пласирана иако имала поголем буџет од ФК „Скопје“. Тој изнесувал 159.000 евра. Сепак очигледно дека тоа се премалку пари за да се опстане во Македонската прволигашка конкуренција.

Убедливо најголем буџет лани имала тетовска „Шкендија“. Овој клуб,финансиран од компанијата „Еколог“ лани имал буџет од 3,2 милиони евра. Ако се спореди со агрегатот на пари кои ги имале на располагање лани сите 11 клуба излегува дека „Шкендија“ сама располагала со 38 отсто од буџетот на сите прволигаши. Но и покрај тоа завршила сезона само на трето место позади „Струга Трим Лум“ и скопскиот лут рувал „Шкупи“ (поранешната „Слога Југомагнат“).

ФК „Шкендија“ е најголема компанија во оваа конкуренција затоа што вработува над 50 лица (најмногу од сите други). Ланската година клубот ја завршил до профит од 250.000 евра.

Најпрофитабилен клуб лани е чаирски „Шкупи“. Неговиот буџет бил 2 милиони евра, а годината ја завршил со добивка од 461.500 евра. Специфика на овој клуб е што во евиденцијата за 2022 година има само еден вработен.

Повратникот во првата лига – кратовски „Силекс“ минатата година го има четвртиот најголем буџет. Тој изнесувал 845.500 евра. „Силекс“ првенството го завршил на 4 место и со добивка од 4.200 евра. Најголем донатор на „Силекс“ лани била националната телевизија „Сител“. Тоа друштво на фудбалскиот клуб му донирало 500.000 евра.

Штипскиот прволигаш „Брегалница 2008“ сезоната ја завршил на петтото место. Нејзниниот буџет лани изнесувал 524.000 евра. Годината ја завршиле со позитива од 266 евра. Овој клуб вработувал 19 лица.

Повратникот во првата лига кавадаречки „Тиквеш 1930“ успеал сезоната да ја заврши во средина на табелата на шестото место. Неговиот буџет лани бил 438.000 евра. Оваа компанија вработувала 17 лица, а 2022 година ја завршиле со загуба од 48.000 евра. „Тиквеш“ имал најголема финансиска годишна загуба во споредна со сите други клубови во прволигашката конкуренција.

Најлош скор при споредба на буџет и пласман на табелата има клубот основан од македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Струмичкиот прволигаш „Академија Пандев Брера“ лани имала на располагање 848.000 евра, а сезоната ја завршила со профит од 51.000 евра на деветото место од 11 екипи. Овој клуб лани на платен список имал 27 вработени лица.

Најстарата скопска фудбалска екипа „Работнички“ позната во најдобрата младинска школа во 2022 година имала на располагање 627.000 евра буџет. Завршиле на осмо место во сезоната, но добивката била 117.000 евра што е трета најголема добивка во апсолутен износ.

Стандардниот прволигаш „Македонија“ од скопската општина Ѓорче Петров лани имал на располагање 786.000 евра. Тоа било доволно за седмо место на табелата. Но доволна сатисфакција е дека работењето го завршиле со профит од 50.000 евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria