26 Април, 2024
0.0282

Како Македонија и Грција ќе се поврзат преку гасовод?

Објавено во: Економија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Прв посериозен проект помеѓу Македонија и Грција во услови на нормализирање на политичките односи ќе биде поврзување на двете земји со гасоводна инфраструктура преку интерконектор, од што голем бенефит ќе имаат крајните потрошувачи, но и бизнисмените на двете страни бидејќи соработката ќе се интензивира, а економијата ќе расте. Барем, ова е првото очекување на МЕР, државната компанија за гасовод на Македонија која пренесе многу позитивни впечатоци по средбите остварените со рчката компанија за управување на систем за пренос на природен гас во Грција (ДЕСФА). За почеток разговарано е за одредена временска рамка во која би се реализирал проектот за гасоводно поврзување, трасата и останатите детали.

„Согласно мерките за градење доверба помеѓу Република Македонија и Република Грција, и интензивирањето на билатералната соработка иницирана од премиерите на двете земји, експертите се согласија дека Проектот е добро решение за Македонија и Грција и отвора можности за продлабочување на соработката во енергетиката но и поттикнување на регионалната енергетска соработка на Балканот, во согласност со државните енергетски политики на двете земји и заедничката енергетска политика на Европската унија. Така, создадените услови за соработка на политичко ниво иницираа започнување на активностите за реализација на проектот на техничко ниво“, соопштија од Владата на РМ.

Со овој проект ќе се изградат околу 120 километри гасоводна мрежа, (околу шеесет километри на македонска и шеесет километри на грчка страна), а Македонија почнува иницијатива за развој на нови гасни коридори во Југоисточна Европа.

„Реализацијата на овој проект е од особено значење за Република Македонија бидејќи се создаваат услови за приклучување на земјата кон проектот ТАП како и користење на течниот природен гас (ТПС) од резервоарите во Грција. Со тоа ќе се овозможи транзитирање на природниот гас низ Македонија кој понатаму може да се користи и од потрошувачите на останатите земји во регионот, со што ќе се поттикне развојот на инфраструктурата за земјите од Западен Балкан“ велат од Владата.

Следува изработка на физибилити студија која ќе ги опфати техничките и економските аспекти на гасното поврзување и ќе понуди конкретни решенија за потребната инфраструктура на територијата на двете држави. За почеток, предвидено е гасоводната линија да има технички проектни перформанси од 2 до 3 милијарди кубни метри гас.

Засега конкретни финансиски детали и бројки не се споменуваат, освен што постои подготвеност двете земји заеднички да аплицираат за средбства пред меѓународните банки и кредитори за реализација на целосниот проект.

Македонија подолго време најавува целосна гасификација за најдобро енергетско поврзување на сите домаќинства и крајни потрошувачи, за обезбедување на поевтин енергенс и пониски трошоци, заштита на животната средина со намалувањена ЦО2, како и давање поголем стимул на економските субјекти.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија