02 Мај, 2024
0.0269

Како „Макпетрол“ направи 4,6 милиони евра профит за 3 месеци?

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати, гиганот „Макпетрол“ за 90 дена направи профит од 4,6 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех. Компанијата во летната сезона, во која сите многу возат и трошат, успеа да направи профит што е безмалку ист како добивката во првите шест месеци

Приход од продажба во износ 262,56 милиони евра за првите девет месеци годинава и добивка од 10,12 милиони евра, книжи „Макпетрол“ во објавениот неконсолидиран биланс на успех објавен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Резултатот на „Макпетрол“ е неспоределиво подобар од истиот период лани и во најголема мерка се должи на зголемените приходи од продажба на компанијата годинава во споредба со истиот период лани. Особено драстичен раст има кај нето добивката која годинава за девет месеци е 10,12 милиони евра, а во истиот период лани била три пати пониска односно била 3,28 милиони евра.

Приходите од продажба за првите девет месеци достигнаа 262,56 милиони евра и тие се за 37,5 милиони евра поголеми од оствареното во истиот период лани. Во истиот период оперативните трошоци на „Макпетрол“ изнесуваат 254 милиони евра, а лани биле пониски за околу 32 милиони евра.

Каква е летната шема на „Макпетрол“?

Ова лето односно кварталот јули-септември „Макпетрол“ има фантастичен финансиски резултатот. Екот на сезоната на годишни одмори традиционално ја зголемува потрошувачката на нафтени деривати заради мобилноста на луѓето во ек на летната сезона. Во овој период годинава „Макпетрол“ остварил приходи од продажба во износ од речиси 106 милиони евра. Тоа значи дека „Макпетрол“ просечно дневно правел профит од 1,15 милиони евра во периодот јули-септември. Само за споредба за првите два квартали просекот е 78 милиони евра што значи дека растот во однос на просекот на првите два квартали е 36 отсто. Тоа е солиден раст кој свое влијание има и врз нето добивката на компанијата. Нето добивката за првите два квартали е 5,5 милиони евра што значи дека просечно по квартал профитот е 2,75 милиони евра. За периодот јули-септември профитот е 4,62 милиони евра што значи дека растот е околу 70 отсто во однос на просекот на првите два квартали.

Пресметката покажува дека секоја акција на „Макпетрол“ за првите девет месеци носи околу 90 евра профит. 


Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија