Kaко Мицкоски ги нарече луѓето кои ќе бојкотираат?
Објавено во: Македонија 23 Август, 2018 19:31
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител денеска оние кои се за бојкот на референдумот закажан за 30 септември ги нарече гласно малцинство.
Вели дека тоа се луѓето кои главно имаат повеќе изразен патриотски набој, луѓето кои се поекстензивно национално осознаени, кои имаат чиста мисла, а од одредена страна ја изгубиле довербата во институциите кои ги управува СДСМ и премиерот Зоран Заев.
„Тие велат како да му веруваме на Заев дека ќе спроведе кредибилен референдум. На овие луѓе некој од страна им залепи луѓе кои ќе ги контаминираат. Тоа би го опишал како буре со најчистата вода на светот, кога ќе им стават лажица фекалија. На оваа чиста идеја, на луѓе кои сакаа да го изразат својот револт на начин на кои се опредилиле, вие им лепите определена структура преку таканаречени партии кои ја контаминираат целата идеја. Тогаш вие се доведувате до ситуација дека ако вие бојкотирате ќе ви стават равенство на таа лажица“- изјави Мицкоски.
Тој вели дека секој ден има скандали и афери, а економијата тоне. Мицкоски вели дека нови иницијативи речиси и да немаме, а нивото на капитални инвестиции е катастрофално ниско, некаде 30 до 40 проценти е пониско од истиот период лани.
Можеби ќе ве интересира
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“




