05 Мај, 2024
0.2696

Како настана „магијата“ во билансот на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 01 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Банката има фантастична добивка од 21,5 милиони евра за половина година и тоа се случува во услови кога се намалува кредитирањето, се намалуваат нето приходите од камати во споредба со лани, а нето приходите од надоместоци се на речиси исто ниво како лани. Но годинава „Комерцијална банка“ го нема каменот околувратник наречен „ФЕНИ Индустри“. Годинава благодарејќи на чистата ситуација со тој голем коминтент банката книжи „магична“ добивка.

„Комерцијална банка“ го направи својот најдобар полугодишен резултат во последниве пет години. За првите шест месеци банката е во добивка од 21,5 милиони евра што е фантастичен резултат за банката. За неверојатно големата добивка на оваа банка, која во најголема мерка е изложена спрема корпоративниот сектор, клучни се две работи поврзани со нејзиниот голем клиент „ФЕНИ Индустри“: прво, кинењето на резервациите откако проработи на комбинатот и второ приходот од наплата на нејзиното побарување на новиот сопственик на кавадаречкиот комбинат за никел и фероникел.
Како одработи „Комерцијална банка“?

Кога се споредуваат податоците од билансите на банката за првиот и за вториот квартал годинава очигледно е дека „Комерцијална банка“ имала подобри резултати во првиот квартал годинава односно во периодот јануари-март отколку во периодот април-јуни односно во вториот квартал. Во вториот квартал нето добивката на банката е околу 6 милиони евра што е одличен резултат во споредба со истиот период лани. Но во споредба со првите три месеци овој резултат е послаб затоа што добивката за периодот јануари – март годинава е 15,67 милиони евра, а за првите шест месеци годинава е 21,48 милиони евра. Тоа значи дека добивката за вториот квартал не е ниту половина од добивката во првиот квартал годинава.

Нето приходите од камата за првата половина годинава се 20,6 милиони евра. Од тоа 9,8 милиони евра се нето приходи од камати во вториот квартал, а 11,8 милиони евра се нето приходи од камати во првиот квартал годинава. Ова значи дека првиот квартал годинава бил подобар од аспект на нето приходи од камати. Што се однесува на нето приходи од камати за првото полугодие годинава тие се за 3,2 милиони евра помали од истиот период лани и изнесуваат 20,6 милиони евра.

Нето приходот од провизии и надоместоци е за 3,8 милиони евра поголем во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава. Вкупно за шест месеци оваа дејност на банката и донела нето приход од 7 милиони евра и тоа е безмалку исто како и лани.
Останатите приходи достигнале ниво од 12,4 милиони евра и тоа е за повеќе од двојно подобро од истиот период лани. Во првиот квартал годинава од овие приходи банката остварила 8,4 милиони евра, а во периодот април-јуни остварила уште 4 милиони евра.

Резервациите 
 на крај на јуни се на ниво од малку повеќе од 1 милион евра. Во однос на лани тоа е неспоредливо помалку затоа што тогаш изнесувале повеќе од 23 милиони евра. Ако се споредуваат првиот и вториот квартал годинава има драстична разлика. Во првиот квартал банката има биланс од 4,4 милиони евра во позитива односно отпишани се повеќе резервации одошто се впишани. Тоа е состојба на крајот на март годинава. На крајот на јуни салдото е со знак минус и тоа е во износ што надминува 1 милион евра.

Загубата заради оштетување на нефинансиски средства е многу поголема во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани и изнесува 6 милиони евра, а лани на полугодие била 300.000 евра. Во вториот квартал таа е незначително зголемена во споредба со првиот квартал.

Се намалува кредитирањето во споредба со крајот на лани

Една од двете најголеми деловни банки во првите шест месеци годинава го намали кредитирањето за 1 милијарда денари односно за 16 милиони евра во однос на крајот на 2017 година. На крајот на јуни годинава кредитирањето е на ниво од 735,3 милиони евра и бележи пад од 16 милиони во однос на нивото од пред шест месеци. Наспроти овој тренд расте депозитната база на депонентите на „Комерцијална банка“ – за една милијарда денари до ниво од 1,5 милијарди евра, а веројатно е дека во значајна мерка удел во растот има и каматата на депозитите во периодот од шест месеци односно крај на јуни годинава во споредба со крајот на 2017 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите