Kaко од сиромашна земја стана економска сила?
Објавено во: Финансии 29 Април, 2018
Претходно економијата на Ирска растеше за 2 проценти, а откако се направени реформи, расте за повеќе од 4 проценти.
Во текот на својата историја оваа земја се соочувала со многу проблеми, како иселување и сиромаштија, а во втората половина на 20-от век направила реформи со кои денес има модерна и динамична економија.
Од сиромашна земја стана една од државите која може да се пофали со силна економија.
Претходно половина од населението живеело од земјоделство, а земјата била меѓу најсиромашните во Европа.
Потоа извозно ориентираните компании ги ослободиле од данок, а на странците им дале олеснувања доколку се сопственици на компании кај нив.