05 Мај, 2024
0.0251

Како работеше најпознатиот охридски хотел лани?

Објавено во: Економија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Инекс Горица – најпознатиот охридски хотел, прочуен по својата тераса со спектакуларен поглед на езерото, лани годината ја завршил со загуба од 67.400 евра, а претходната изработил со добивка од 1.100 евра

Најпознатиот охридски хотел Инекс Горица лани остварил приходи од продажба во износ од 723.300 евра, а тие се за околу 75.000 евра пониски од приходите што хотелската компанија ги остварила во 2016 година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија објавен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Колку пари донела лани терасата со најспектакуларен поглед?

Охридската компанија Инекс Горица од својот хотел Горица, познат и како бисер на охридската ривиера со убедливо најпрепознатлива тераса и спектакуларен поглед, лани остварила приходи од околу 642.000 евра. Од тоа околу 297.000 евра се приходи од ноќевања, а уште 275.000 евра се приходи од храна што хотелскиот персонал ја подготвил и ја послужил на своите гости. Шанкот и аперитив барот на хотелот на своите гости послужиле пијалоци во вредност од околу 60.000 евра во текот на минатата година.

Инкес Горица во своја сопственост освен хотелот го има и автокампот „Градиште“ од кој од закуп на приколки лани реализирала приходи од уште околу 50.000 евра.

На што троши хотелот?

Најголема расходна ставка на хотелот се трошоците за вработени. Во вкупен износ тие лани изнесувале 291.500 евра. Од тоа трошоците за нето плати на 65-мината вработени се 195.000 евра. Од овие податоци произлегува дека просечната исплатена нето плата по вработен лани е 250 евра. Втора ставка во расходната структура се трошоците за суровини и материјали. Тие изнесувале 174.200 евра, а најголем дел од нив се трошоци за потребите на кујната на хотелот и тие изнесувале 144.100 евра. Збирот на ставки во групата Останатите расходи се трета по големина расходна ставка и тие изнесуваат 203.650 евра. Меѓу нив најзначајна расходна ставка се трошоците за електрична енергија и за огревно дрво кои изнесуваат 44.600 евра, а за потрошено гориво се издвоени околу 26.000 евра. Трошокот за вода е околу 11.000 евра, а за колекторски услуги околу 7.000 евра. Интересно е тоа што друштвото нема политика за стимулирање на рекламирање. За таа намена се издвоени само 1.500 евра, а за репрезентација и спонзорства помалку од 3.000 евра.

Од официјалните достапни информации се гледа дека друштвото Инекс Горица има главнина од 5,65 милиони евра, а неговите вкупни обврски на крај на 2017 година биле помали од 200.000 евра. Друштвото не е тужено во судски спорови, а како тужител води неколку спорови за ненаплатени побарувања во вредност која е пониска од 60.000 евра. 

Доминантни сопственици на Инекс Горица се три домашни физички лица. Најголем поединечен акционер е Божо Илоски кој поседува 62,7 отсто од акциите, а Гоце Блажески и Светозар Шаврески поседуваат по 17 отсто од акциите. 


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?