29 Април, 2024
0.0260

КАКО РАБОТОДАВАЧИТЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА АНТИКОВИД МЕРКАТА-ИСПЛАТА НА ПЛАТИ: Директорката на УЈП, Лукаревска најдетално информираше

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Собранието вчера усвои два закона од вкупно 12 кои се дел од четвртиот пакет економска помош, односно го усвои Законот за финасиска поддршка на работодавачите за исплата на плата на работниците и Законот за самостојни вршители на дејности, рече на заедничката прес-конференција, министерот за финасии, Фатмир Бесими со директорката на Управата за јавни приходи, сања Лукаревска.  

-Со ова се создаде законска рамка да почне спроведувањето на оваа мерка, која ќе овозможи десетици илјади вработени да си го задржат работното место и да го имаат истото ниво на плата во овој период на криза. Ова претставува фининасиска иницијатива од 70 милиони евра во стопанството, односно внесување на средства и стимулирање на економијата, рече Бесими.

Тој истовремено потенцираше дека ова е само дел од 12-те закони од четвртиот пакет на мерки, и нагласи дека три се усвоени, останатите се во собраниска процедура или во финална фаза.

Станува збор за голем број мерки кој се овозможени со ребалансот на буџетот, односно:

-Мерки за директна финасиска поддршка за фирмите

-Мерки за финасиска поддршка за граѓаните

-Даночни решенија

-Мерки во насока на системски решенија

Директорката на УЈП, пак, Лукаревска, детално информираше за самата постапка како може работодавачите да добијат финансиска помош, а со тоа да ги исплатат платите на работниците за последните три месеци од годинава. Нагласи дека треба да се аплицира преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот, а истовремено ги појасни уште деветте услови кои мора да ги исполнува секој од работодавачите.

-Со Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од кризата се овозможува исплата на плати за секој вработен, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во износ најмногу до 21 776 денари. Постапката за добивање на оваа финансиска поддршка се остварува со поднесување барање за финансиска поддршка преку системот за Е-даноци на УЈП, најдоцна до 10 овој месец за октомвриската плата, а за другите исплати најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец. УЈП по ова барање ќе одговори дали истото е комплетно или не, во рок од 3 дена од доставување на барањето. Доколку работодавачот добие потврден одговор од УЈП дека барањето е прифатено, тогаш во МПИН пресметката, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, внесува шифра 5001. По обработката на образецот, УЈП го известува работодавачот за вкупниот износ на финансиската поддршка која ќе му биде исплатена за соодветниот месец, појасни денеска директорката Лукаревска.

За намалени приходи од 30.01 процент до 40 проценти државата планира да врати до 14.500 денари по вработен.

За намален приход од 40.01 процент до 50 проценти, планирани се 15.955 денари по вработен.

За намален приход од 50.01 процент до 60 проценти, планирани се до 17.410 денари по вработен. За намален приход од 60.01 процент до 70 проценти, планирани се 18.865 денари по вработен.

За намален приход од 70.01 процент до 80 проценти планирани се 20.320 денари по вработен.

И за намален приход од над 80 проценти, износот за финансиска поддршка за исплата на плати изнесува 21.776 денари по вработен.

-Работодавачот кој освен финансиска поддршка за исплата на плата на работниците, има право да користи и мерка субвенционирање на социјалните придонеси и или данок на личен доход во полето 3.23 во полето од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја користи со шифрата 5001. По обработката на податоците, УЈП ја информира Владата односно генералниот секретаријат за тоа кои работодавачи исполниле услови за финансиска поддршка, а Владата ги исплаќа средствата до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец, потенцираше таа. .

Истовремено нагласи дека работодавачот ќе треба да врати 50 проценти од примената финансиска поддршка во буџетот на државата, по посебни услови предвидени во Законот. Работодавачите кои ќе искажат негативен финансиски резултат нема да треба да ги враќаат средствата.

Во односн на условите Лукаревска истакна:

Под број еден, остварениот приход на работодавачот во референтниот период од април до септември 2020 година да е намален за 30 проценти споредено со истиот период минатата година, за исплатата на плата за октомври, односно референтниот период од април до октомври 2020 година со истиот период во 2019 година за поддршката во ноември.

Под број два, бројот на вработени во месецот за кој што се бара финансиската поддршка да е ист или поголем во однос на бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници согласно условите од овој закон. Односно, тоа е отказ од страна на работникот, пензионирање, смрт, престанок на работен однос по дисциплинска постапка, по судска пресуда или трајна неспособност.

Под  број три, работодавачот не исплатил и нема да се изврши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност, или друг вид на деловна награда на вработените или органите на управување, барател на финансиска поддршка до денот на исплаќање на платата во месец декември 2020 година.

Под број четири, работникот за кого се бара финансиска поддршка, да нема остварено нето плата поголема од 39.000 денари за месеците јуни, јули, август или септември 2020 година, за секој месец одделно и сразмерно на часовите за сработено работно време.

Под број пет, работодавачот не исплатува плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка на повеќе од 10 проценти од вкупниот број на вработени. За работниот за кој се бара финансиска поддршка, работодавачот не користи ослободување од плаќање на данок на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност односно од мерките од проектот ‘Македонија вработува’.

Под број седум, работникот за кој бара финансиска поддршка не е работник пријавен на дополнително работно време.

Под број осум, во годишната сметка и финансиските извештаи за годините 2017, 2018, 2019 година има остварено кумулативно, акумулирани добивки пред оданочување помали, односно поголеми од 600.000 денари, ако има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот во кој користи финансиска поддршка.

Под број 9, условот е во времетраењето на финансиската поддршка и два месеци по месецот за кој е користена финансиската поддршка, нема да го намали бројот на вработени.


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи