19 Мај, 2024
0.0390

КАКО СДСМ ГО ИЗГУБИ АРАЧИНОВО И БЕШЕ ЛИ ПРЕУРАНЕТ КОНЦЕПТОТ ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ - Ридван Ибраими од ДУИ ја замени Миликије Халими

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Една од општините кои ги изгуби СДСМ на овие локални избори, а со кои раководеше во претходните четири години, е Арачиново.

Уште на првиот круг од ова локално изборно соочување, првиот вицепремиер од ДУИ Артан Груби, се пофали дека ја презеле општина Арачиново од СДСМ, нивниот коалиционен партнер во власта. Потоа излезе дека на нивниот кандидат Ридван Ибраими од ДУИ нема доволно гласови за да извојува победа во таа општина уште во првиот круг, па се отиде на второ гласање.

Затоа пак, вчера веќе стана јасно дека Ибраими ќе раководи со Арачиново во наредните четири години. Тој освои 50,54 отсто од гласовите, или 3.026 гласа, додека пак, неговата противкандидатка Миликије Халими на своето конто доби 2.873 гласови, или 47,99 проценти.

За потсетување, во првиот круг Миликије Халими имала помалку гласови, 2.023, што значи дека за неа во вториот круг излегле за 850 повеќе гласачи, но тоа сепак не било доволно за изборна победа. Помалку гласови во првиот круг имал и Ридван Ибраими од ДУИ, 2.286, но 740 гласови повеќе кои ги добил во вториот круг, му беа вчера доволно за да слави градоначалничка победа во неговата општина.

Во првиот круг учествуваше и Наим Синани од АА/А, кој освои 764 гласа, но не се знае кај кој од двата кандидати се распределиле токму неговите гласови.

Она по што е интересна оваа општина, е што преку неа, пред четири години, модерниот и прогресивен СДСМ, кога беше во зенитот на својата политичка моќ бидејќи само што ја освои централната власт и ја формираше Владата, го промовираше својот концепт „Едно општество за сите“. 

Односно, Миликије Халими, етничка Албанка, и членка на СДСМ како партија која обединува претставници од различни етнички заедници, а плус жена, беше одличен профил на политичарка токму за тој концепт. Преку неа како да беше канализирана целата верба на лидерот Зоран Заев дека меѓуетниччките односи во земјава можат да се релаксираат до тој степен, што во Арачиново би победила политичарка од СДСМ, а не од традиционалните албански партии. 

И тоа им успеа на СДСМ во таа општина. Заев тогаш во Арачиново беше дочекуван со сите почести и како најомилен политичар, а Миликије Халими во 2017 година стана првата жена градоначалник на општина Арачиново уште во првиот круг, со освоени 58,81 отсто од гласовите, или 3.067 гласа, оставајќи го далеку зад себе, односно со разлика од над 2.000 гласови вториот противкандидат, Исуф Бислими од ДУИ.

Но, по вториот круг од локалните избори одржан вчера, се поставува прашањето дали можеби бил преуранет тој концепт, или, пак, граѓаните едноставно не биле задоволни од владеењето на Халими, односно не ги добиле ветувањата што претходно од неа им биле давани за подобрување на нивниот живот во општината. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама