Како се тргува со чист воздух и колку чини?
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2016
Меѓу 30 долари и 70 центи даваат Кинезите, за да имаат воздух без смог.
Трговијата со спакуван воздух зема замав, особено во многу загадени области како Кина. Ова се случува во услови кога последните податоци покажуваат дека нечистиот воздух е четвртиот фактор за прерана смрт.
„Чист новозеландски воздух по 17 центи" се нуди на оние кои страдаат од смог.
Пакуваат рачно чист, дезинфициран и заситен со кислород новозеландски воздух, кој се продава во шишиња со зафатнина од 7,7 литри и чини 219 јуани (малку повеќе од 30 долари). Продавачите велат дека секое шише му овозможува на купувачот да вдишува 180 пати. За ваква намена доаѓа воздух од Канада и тој чини 108 јуани (16 долари).
Во Кина поради високата концентрација на загадување на воздухот од индустријата, небото над градовите со многу фабрики периодично се крие во смог. Во декември 2015 година, властите во Пекинг беа принудени да воведат највисоко „црвено" ниво на еколошка тревога поради опасноста од силен смог.