13 Мај, 2024
0.0253

Како се зголеми наталитетот во Германија?

Објавено во: Економија, Свет 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Расте наталитетот во Германија, но деца се раѓаат од мајки од негерманско потекло. 

Стапката на наталитет во земјата се искачила на 1,5 деца по жена, што е највисок процент во последниве 33 години. Овој податок го објави федералната Агенција за статистика, јавува дописникот на МИА од Берлин.

„Забележуваме континуитет во позитивниот раст од 2012 година кога наталитетот бил на ниво од 1,47 деца по жена“ - се вели во извештајот на Агенцијата за статистика.

Најбројната членка на светот има население од 81 милион жители,  но се наоѓа меѓу групата земји со најниска стапка на новороденчиња во светот.

За природно обновување на населението и задоволување на потребите на економијата на Германија се потребни 2,1 деца.

Според статистиката наталитетот е повисок кај жените од негерманско потекло. Тој од 2014 до 2015 година е зголемен од 1,86 на 1,95 деца со што значително се придонесува за генералното зголемување на наталитетот во земјата.

Просечната старост на жените при првото породување е 29 години и 7 месеци , при второто на близу 32 години, а третото околу 33 години.  

Лани Германија и Јапонија беа земји со најслаб наталитет во светот. 


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра