19 Март, 2024
0.0261

Каков е всушност проектот „Гранд“ спроти Холидеј Ин: Највисоката кула ќе има 22 ката, а зеленило од над 6.000 квадрати

Објавено во: Економија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Нема да е бетонско чудовиште туку урбан комплекс со многу јавно зеленило - инвеститорите денеска го презентираа проектот наречен „Гранд“ кој е планирано да се гради на парцелата 1.1 на локацијата спроти скопскиот хотел Холидеј Ин. 

Највисоката од трите кули ќе биде висока нешто над 81 метар, односно катноста е планирана на приземје плус 22 ката, што е многу помалку од дозволеното со Деталниот урбанистички план. Според идејниот проект обезбедени се околу 1000 паркинг места и зелена површина односно партерно зеленило на точно 6.520 метри квадратни. Дополнително ќе има зеленило и на мезанините на зградите и на балконите на висококатниците. 

Висината, развиената квадратура се неколкукратно помали од дозволените со Деталниот урбанистички план, а обезбеденото зеленило, според инвеститорот е тројно поголемо од законската обврска. Архитектите велат дека објектот е целосно согласно актуелниот Детален урбанистички план, но очекуваат дополнително тој да биде усогласен со ГУП. 


 Инаку компанијата „МГ Фешн“, дел од „Фешн Груп“, во овој проект ќе вложи околу 60 милиони евра. Како што истакна директорот на „МГ Фешн“, Илија Божиновски, во портфолиото на ова компанија има повеќе објекти, а најзначаен е „Скопје Сити Мол“, инвестиција вредна 100 милиони евра.

„На парцелата 1.1. ќе никне нов станбено-деловен комплекс, нов скопски даунтаун, со многу јавни површини и многу зеленило. Станува збор за модерно остварување, за оплеменување на просторот, за добивање на зелена површина над законскиот минимум и за добивање на дел од центарот на Скопје кој ќе стане привлечен и за прошетки со поврзаноста со кејот на Вардар, ГТЦ и паркот, рече Божиновски, изразувајќи благодарност за поддршката од граѓаните на скопско Ново Маало.

На прес-конференцијата се обратија и архитектите Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски од архитектонското студио „РадиусАрхитекти“, чии идејни решенија ќе се реализираат во проектот „Гранд“ Скопје. 

Тие ги презентираа деталите на комплексот и објаснија дека се работи за модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката.

Архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957 според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби.

Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20 отсто зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 метри квадратни зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.

„Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој.

Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт. 

Според инвеститорот, во трите предвидени згради ќе има 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители, како и локали и канцеларии. Објектот ќе биде поврзан со надземни пешачки патеки до ГТЦ, но не се знае сега колку ќе чини еден стан таму.

МГ Фешн инаку и предлага на општина Центар соработка за парцелата 1.4 која е со вкупна површина од 7.322 квадратни метри односно како плоштадот Македонија. Тоа би значело да инвестира во разновидно парковско зеленило како во светските уредни паркови. Да има современа фонтана и урбана парк опрема. Сопствениците на приватните парцели од парцелата 1.4 би биле обештетени со истиот сооднос како и останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти.

На прашањето како ја коментираат петицијата на граѓани против изградба на овој голем комплекс, беше одговорено дека петицијата се однесува на „монструм" згради, и дека затоа не се однесува на нивниот проект, кој како што нагласија, го оплеменува запустениот простор со модерни и убави градби и други содржини. За иницијативата на општина Центар пред Министерството за транспорт и врски за суспензија на проектот, како и за претставката кон Државната комисија за антикопрупција, компанијата вели дека немаат известувања или информации.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗОШТО ЖЕНИТЕ НА ВИСОКИТЕ ПОЗИЦИИ ГО НАПУШТААТ ГОЛДМАН САКС - ова се неколку можни причини

ЗОШТО ЖЕНИТЕ НА ВИСОКИТЕ ПОЗИЦИИ ГО НАПУШТААТ ГОЛДМАН САКС - ова се неколку можни причини

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа