Каков економски раст ќе имаат земјите од екс Југославија?
Објавено во: Економија, Балкан 05 Јануари, 2018
Сите земји од бивша Југославија оваа година ќе забележат економски раст.
Растот на Балканот е дел од поволен период во Европа па и во целиот свет.
По сите проценки 2017 година е економски најдобра од кризата во 2007 година.
Позитивниот тренд ќе продолжи и во годината која почна.
Според Меѓународниот монетарен фонд растот во земјите од Балканот ќе биде од 2.5 до 3.5%.
Овие земји се добро поврзани, а тоа се гледа и од трговската размена во регионот која расте.