27 Април, 2024
0.5627

Каков Меморандум потпишаа МАНУ и Министерството за економија?

Објавено во: Економија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, потпишаа Меморандум за соработка за одржлив развој на енергетиката во Република Македонија.

Целта на овој Меморандум е воспоставување на меѓусебна соработка и ефективен институционален дијалог, имајќи го предвид интересот на граѓаните на Република Македонија, во насока на остварувањена одржлив развој, согласно обврските кои Република Македонија ги има преземено со ратификуваните меѓународни договори.

Со Меморандумот е превидено двете институции да превземаат взаемни активности за анализа на развојот на енергетиката во Република Македонија, со имплементација на поголемо учество на обновливите извори на енергија, спроведувајќи ги најновите светски практики и современите научни сознанија, потоа анализа на обврските на Република Македонија преземени со ратификуваните меѓународни договори  во подрачјето на енергетиката и соодветните емисии и намалување на емисиите на стакленички гасови, соработка на полето компјутерските науки и информатичките технологии и соработка во доменот на економскиот раст и развој, вклучувајќи ги пристапите за динамизирање на растот, преструктуирање на македонската економија, индустриската политика и сл.

Соработката меѓу двете институции ќе се остварува прекуизготвување на научни проекти,заеднички средби и организирање на заеднички предавања, тркалезни маси и форуми за научната и стручна јавност, но и за засегнатите страни и за пошироката јавност со вклучување и на невладините организации и медиумите,потоа изработка на елаборати, презентирање на резултатите од соработката на меѓународни и домашни стручни собири, објавување на научни и стручни трудови во меѓународни и домашни списанија, како и презентирање на преземените активности и постигнатите резултати на веб страните на Министерството за економија на Република Македонија и на Македонската академија на науките и уметностите.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра