26 Април, 2024
0.0754

Каква е крвната слика на буџетот за првите четири месеци?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Дали е здрава економијата ако: „црвените крвни зрнца“ изразени како приходи од акцизи и ДДВ се пониски од просек за четири месеци, „белите крвни зрнца“ изразени преку капиталните расходи се драстично пониски, „железото“ изразено преку планираниот дефицит преминува во суфицит, а „еритроцитите“ изразени преку новото задолжување и враќањето стари долгови се многу многу над тоа што го бара просекот? При тоа под границата на просекот се вкупните буџетски приходи и буџетски расходи...

Реализацијата на капиталните трошоци, потфрли, и тие се далеку помали од тоа што треба да биде реализирано за 4 месеци (ако се извади просек дека нивото треба да биде 33 отсто од планираното). Ова веројатно влијае и врз  буџетскиот дефицит кој исто така е значајно низок, а во март и април имало суфицит. Наспроти тоа задолжувањето е далеку повисоко од просекот за првите четири месеци, исто како што е и отплатата на главницата на долгот. Кај приходите од ДДВ и од акциза е забележлива пониска реализација, а не се исполнети просеците ниту кај вкупните приходи и вкупните расходи.

Капиталните трошоци реализирани со само 10,9 отсто

Реализацијата на капиталните расходи, најзначајна развојна компонента со која централниот буџет треба да помага на македонската економија, е само 10,9 отсто односно 2,63 милијарди денари. Ако се земе во предвид дека поминала третина од оваа година излегува дека реализацијата требало да биде 33 отсто односно два пати повеќе од тоа што е реализирано до крајот на април оваа година. Целта е поставена на 24,14 милијарди денари кои Владата планирала да ги реализира оваа година. Во првите четири месеци реализацијата на капиталните инвестиции најскромна била во јануари годинава и изнесувала 283 милиони денари. Просечно месечно реализацијата би требала да биде 2,012 милијарди денари, а јануари имало најголемо потфрлање. Далеку под просекот се и февруари, март, а дури и април кој е најдобар и во него реализацијата била 841 милиони денари. Од податоците се гледа дека ниската реализација на капиталните расходи значајно влијае и врз вкупните расходи кои за првите 4 месеци се 63 милијарди денари и се 7,5 милијарди денари пониски од расходите што би требало да се реализираат ако се земе во предвид дека е одмината третина од годината и трошоците при услови на рамномерна распределба на месечно ниво би требало да бидат 70 милијарди денари. 

Намаленото трошење „го измести“ и буџетскиот дефицит!

Податоците покажуваат дека централниот буџет има суфицит март и во април и дека заради тоа во значајна мерка отстапува буџетскиот дефицит од планираниот за годинава. Досега, реализацијата на дефицитот е 2,5 милијарди денари и тоа е само 13,9 отсто од планот. Ако се земе предвид дека податоците се однесуваат на првите 4 месеци , дефицитот би требало да е во ранг на реализација над 30 отсто од планираното за оваа година.

Задолжувањето реализирано со 55 отсто, раздолжувањето со 88 отсто

Наспроти капиталните инвестиции, задолжувањето и раздолжувањето знајачно го пробиле планот. Задолжувањето до крај на април е како просекот што требало да се фати до крајот на јуни, затоа што реализацијата е 55 отсто, а кај раздолжување реализацијата е 88,3 отсто од тоа што требало да биде завршено за цела година. Новото задолжување е 22,55 милијарди денари, а за цела година е планирано задолжување од 40,9 милијарди денари. До крајот на април се раздолжени 20 милијарди денари, а планот за цела година е 22,66 милијарди денари.

Приходите и расходите помали од просекот за 4 месеци

Вкупните приходи на централниот буџет за првите 4 месеци се 60 милијарди денари односно речиси една милијарда евра односно 31,2 отсто од планираното. Годишната проекција е 193,5 милијарди денари и за првите 4 месеци потребното ниво на приходи би било 64,5 милијарди денари. Реализираното до крајот на април е 60,47 милијарди денари. Приходот од ДДВ најзначајна приходна даночна ставка е 30,6 отсто од планираното, а приходот од акцизата е 29,3 отсто од планираното. Расходот на буџетот е 63 милијарди денари и тие се 29,8 отсто од планираното за оваа година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра