04 Мај, 2024
0.0378

Каква порака праќа Македонија на странските инвеститори?

Објавено во: Економија 30 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, во кои тврди дека Владата мести тендери, праќаат лош сигнал за странските инвесттори кои сакаат да учествуваат на македонските јавни огласи, коментираат дел од економистите. Според универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров, ваквите информации можат да привлечат само коруптивни компании, но не и серозни компании. -Сигналот е поразителен. Ваквите информации ги бркаат сериозните компании кои не сакаат да го губат имиџот на чесност и компаративна предност, а ги привлекуваат оние кои се познати по малверзации. Тој имиџ земјата го задржува многу долго после нормализацијата на состојбите. Никој не сака да биде поврзуван со скандали и коруптивни зделки. Ваквиот имиџ на коруптивна "банана" држава земјата поприма и во однос на сите останати бизниси (извоз, увоз, директни и портфолио инвестиции). Треба да помине многу долг период на прочистување и нормализација за да се врати имиџот на нормална надворешно-трговска и инвестициона дестинација, вели универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров. Сличен е ставот и на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Тој вели дека снимките што ги обајви СДСМ не се нешто ново. Според Хајредини, надлежните институции кои треба да утврдат дали постои корупција, немаат кредибилитет бидејќи се заробени од политиката. -За тие потенцијални учесници во тендерите што се заинтересирани и подготвени да корумираат странски премиери и министри ова ќе биде позитивно примено, и таквите ќе дојдат веднаш, затоа што шемата на корупцијата на претставниците на државите е многу позната, нив им даваат високи цени за инвестирањето и изведувањето на работи во Македонија, за еден дел тие да им ги враќаат за сметките во Белизе. Но за оние држави кои ја ратификувале конфенцијата за забрана за корумпирање на странски државници со која може да одговораат и во своите држави, тие ќе станат многу претпазливи и нема да влегуваат во ангажмани или преговори или учество на тендери што ги отвора Владата на Македонија. Лошиот имиџ за Македонија веќе нема каде да се симне подолу од она што е сега, особено што сегашните скандали станаа предмет на третирање и на светски угледни медиуми. Шемата на корупција внатре и на тендерите е општо позната, и била присутна во помал или поголем обем во државата и во сите држави во регионот. Надлежните институции се заробени, ние не можеме да зборуваме за никави инстуции надлежни во државата, ако сме сведоци како се именуваат судиите. Од објавените снимки е јасно дека со постојните институции , со  постојните кадровски состави не треба никој да очекува нешто. Малку ме разочарува односот на странскиот фактор, кој смета дека овие институции можат да се борат против корупцијата, кога тие на таков начин се дојдени на позициите, вели поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини. Експертите велат дека Јавното обвинителство и Комисијата за спречување корупција треба итно да ги испитаат случаите за кои СДСМ тврди дека Владата мести тендери и договара провизии. Дел од поранешните антокорупционери велат дека со објавените прислушувани разговори поврзани со тендерски постапки и избор на компании за крупни економски проекти, отвораат сомнеж за корупција, како се водат јавните набави и како се трошат јавните пари. Укажуваат дека поради лични бизнис интреси се доведува во прашање квалитетот на услугата. -Сомнежи за корупција и нетранспарентност во јавните набавки потојат од поодамна. Дури и Европската комисија и Стејт Департментот нотираа дека корупцијата во јавните набавки претставува сериозен проблем. Ние сега само добивме потврда дека јавните набавки се спроведуваат спротивно на процедурите и начелата кои се пропишани во Законот за јавни набавки, тука мислам на конкурентност, отвореност , фер третман и транспарентност на јавните набавки. Основната цел во јавните набавки е да имате конкуренција да добиете подобра понуда бидејќи се работи за народни пари за што пониска цена, но доколку тука се вмешани лични интереси кои што не водат сметка за ефикасноста и рационалноста на јавните набавки, тогаш јавните набавки ги прават поскапи и тоа создава сомнеж дека во набавките е вклучен феноменот на корупција и личниот интерес на одредени лица кои се вклучени во целиот тој процес. Ние веќе не котираме добро во однос на траснпарентноста на јавните набавки, доказ за тоа е што многу малку од реномираните компании учествуваат на набавките. Последните случувања дополнително ќе влијаат бидејќи и според правилата на Светска банка и другите институции, во земја кадешто постои сомневање за корупција, добри и сериозни  фирми нема да влезат или ќе бидат многу претпазливи. Од аспект на законите, Законот е прекршен ако не се спроведува онака какошто е пропишано, значи на одреден износ мора да се распише оглас, ако се работи и за поголем оглас мора да се објави и во гласилото на Европската унија и кај нас, со цел да им се даде на повеќе фирми да учествуваат и да се одбере она што е најдобро за државата, да се заштедат пари да се добие добра понуда, вели Вања Михајлова, поранешен член на Комисијата за спречување корупција. Во дел од објавените прислушувани разговори, лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини дека премиерот Никола Груевски договара местење тендери и провизии. Во еден од разговорите како што тврди СДСМ, премиерот Груевски бара од поранешниот поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, да му се помогне на сегашниот заменик претседател на Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан, да направи конзорциум за да се јави на тендер на ЕЛЕМ. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија обвинувањата, а во писмената реакција посочија дека наводите на Заев и СДСМ се крајно тенденциозни, невистинити и целосно манипулативни. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?