08 Мај, 2024
0.0253

КАКВА ЗИМА Е ПРЕД НАС: Љубителите на снегот ќе се начекаат, а еве каде ќе биде смрзнувачка!

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во првата половина на месец декември, максималните дневни температури ќе бидат во плус, и ќе одат до десет степени над нулата. Луѓето кои сакаат зима, најмногу и се радуваат поради снегот, меѓутоа оваа зима снежните покривки нема долго да се задржуваат, и можеме да ги очекуваме дури во втората половина на зимата, поточно кон крајот на јануари и текот на февруари.

Ова лето температурите достигнуваа екстремни температури на термометарот, а зимата која ни претстои ќе биде блага. Во декември, јануари и февруари не очекува количина на врнежи која ќе биде помала отколку што е вообичаено за овој период од годината. Ова се прогнозите на реномираниот сајт AccuWeather.

ДЕКЕМВРИ

Во првата половина на месец декември, максималните дневни температури ќе бидат во плус, и се очекува да одат и до десет степени над нулата. Воглавно времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.

Во втората половина на декември ќе дојде до благ пад на температурите, но и понатаму максималната дневна температура ќе биде над нула. За оние кои се греат на дрва, јаглен, струја или плин, ваквото време ќе им донесе заштеда на пари.

ЈАНУАРИ

Првата половина на месецот кој го означува стартот на новата година, ќе биде воглавно сончева, со дневни температури кои ќе бидат над нулата.

Парите наменети за греење и во втората полвина на јануари, ќе можете да ги насочите на некои други потреби. Снежните покривки ниту овој месец нема да ги прекријат градовите.

ФЕВРУАРИ

Најавените температури за месецот кој е познат по студеното време, нема да бидат ниски, поточно минималните температури ќе бидат околу пет степени под нулата, а максималните ќе бидат над нулата, што е навистина необично за овој период од годината.

Кај нас зимата ќе помине со малку врнежи и високи температури отколку вообичаено, но во останатите делови од Европа нема да биде толку благо. Зимата во северна и делови од западна Европа ќе биде обележана со поголеми стапки на врнежи, за разлика од Балканот.

БУРИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА

Меѓутоа, на подрачјето од југот на Шпанија па се до балканскиот полуостров, помали количини на врнежи за овој период од годината може да доведат до пожари.

СРЕДНА ЕВРОПА

Жителите на овој дел од Европа вистинската зима ќе ја почувствуваат дури кон крајот на јануари. Во месеците кои доаѓаат не се очекува голема количина на снег ниту температури под просекот, но затоа самиот крај на зимата би требало да биде остар и со големи количини снег.

САМО НА БАЛТИКОТ ВИСТИНСКА ЗИМА

Балтичките земји ги очекува вистинска зима со многу снег и долги периоди на ниски температури.

Првиот снег ќе падне уште во декември, а во текот на симата снежните бури нема да бидат непозната појава. Сепак, дури и на Балтикот оваа зима ќе биде нешто поблага во однос на минатите години.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид