19 Мај, 2024
0.0263

КАКВИ КАДРИ БАРААТ РАБОТОДАВАЧИТЕ: Има ли дефицитарни професии?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

За повеќе профили македонските работодавачи имаат потешкотии да најдат соодветен работник.

При пополнување на слободните работни места, работодавачите многу често имаат тесно дефинирани листи на компетенции кои кандидатите треба да ги поседуваат.

Биљана Живковска, раководител на Одделение за односи со јавност, комуникација и меѓународна соработка во Агенција за вработување на Република Македонија објаснува дека покрај дипломата за завршено образование, односно стекнатите знаења во процесот на формално образование, работодавачите побаруваат и одредени вештини и знаења во конкретната област стекнати надвор од процесот на формално образование, а истите потенцијалните кандидати за вработување треба да ги докажат со приложување на сертификати.

„Огласените потреби од работници од страна на работодавачите, се достапни на веб страната на Агенцијата за вработување и постојано се ажурираат. Врз основа на овие податоци,  како и врз основа на  добиени сознанија од анкетното истражување меѓу работодавачите за потребата од вештини на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба за вработување на работници од следните занимања со соодветен степен на потребно знаење: општ работник,  хигиеничар за станбен и деловен простор, работник за едноставни работи на производствена линија, обиколувач, дистрибутер, чевларски работник, продавач, келнер, шанкер, готвач, шивач, шивач на текстил, возач (на товарно волзило, на такси, на камион и сл),  градежен работник, обезбедувач (заштита на имот и лица), чевлар,  магационер, администратор, комерцијалист, техничар –оператор,  текстилен техничар, машински техничар, туристички водич, програмер, сметководител, економист, правник, фармацевт, графички дизајнер, инженер на софтвер и други“- вели Живковска.

Додава дека при пополнување на одредени слободни работни места, работодавачите ја земаат во предвид и возраста на потенцијалните кандидати за вработување, работното искуство во конкретната област, поседување на таканаречени меки вештини, напредно познавање на работо со компјутери и познавање на странски јазици (најчесто англиски и германски јазик) и друго.

„Горенаведените вештини работодавачите посебно ги нагласуваат при пополнување на работни места за кои е потребен кадар со високо образование. Оттука, работодавачите  како најчести причини со кои се соочуваат со потешкотии при пополнување на огласените слободни работни места ги наведуваат: недостатокот од кадар со соодветно работно искуство во конкретната област,  недостаток од интерес и мотивираност на кандидатите за вработување за извршување на работните задачи во конкретното занимање, непоседување на сертификати за стекнати дополнителни знаења и вештини,  неприфаќање на работа за понудената плата и слично“- објаснува Живковска.

Но, и преквалификацијата е добар начин да се надмине недостигот на кадар во некоја бранша.

Живковска вели дека новите техничко- технолошки промени  и динамичниот развој на пазарот на труд, креираат работни места за кои се потребни нови знаења и вештини, кои не секогаш можат да се стекнат во процесот на формалното образование. Затоа е неопходно поврзување на процесот на формалното и неформалното образование со цел задоволување на потребите на пазарот на трудот.  Додава дека невработените лица - баратели на работа се насочуваат да се вклучат во обуки за стекнување на дополнителни знаења и вештини, а работодавачите се мотивираат да организираат обуки, во своите работни простори, со нивна опрема и технологија како би ги обучиле потенцијалните кандидати за вработување согласно своите потреби.

„Програмите и мерките за вработување генерално се поделени во групи: Програми и мерки кои водат до директно вработување (самовработување, субвенционирање на плати, вработување и раст на правни субјекти, поддршка за вработување на инвалидни лица). Програми за подготовка за вработување – обуки (обука на работно место за познат работодавач, обука за стручни квалификации според барање на работодавачите, обуки за побарувани занимања и занаети, обуки за стекнување на вештини, практикантство). Исто така со овогодишниот Оперативен план ќе се имплементираат и програми со кои потешко вработливите лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазарот на труд, ќе бидат работно ангажирани за социјални услуги и во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво“- вели Живковска.

Со програмите и мерките за вработување невработените лица имаат можност да се стекнат со нови или да ги подобрат вештините и знаењата  потребни за вработување, да се обучат за конкретно работно место према потребите на работодавачот, да се стекнат со практична работа кај работодавач на работно место соодветно на неговото образование, како и да  користат финансиски средства за започнување на сопствен бизнис. Од друга страна, работодавачите можат да користат субвенции за нови вработувања преку субвенционирани плати или финансиска поддршка – грант,  да обучат лица според своите потреби и слично. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа