28 Април, 2024
0.0261

Какво име ни предлага официјална Атина во Нацрт-спогодбата?

Објавено во: Балкан 04 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Според грчкиот весник „Неа селида“ Атина во Нацрт-спогодбата предлага сложено име, но во форма на еден слеан збор, за сите употреби.

Дописникот на МИА од Атина јави дека во текстот, најавен на насловната страница како „Ексклузивно – седумте точки на грчкиот предлог до Скопје“, новинарот ги открива позициите на Грција, кои во изминатиот период беа објавени и во други грчки медиуми. Во однос на името, тоа да биде во еден збор, слеано, без превод, весникот, се повикува и на одлуката на Грчката академија на науките и уметностите од пред 14 години.

„Во прашањето за името, грчката Влада предлага сложено име, непреведено за сите употреби (ерга омнес). На пример, земјата може да се вика „Горнамакедонија“, а не „Горна Македонија“, односно со два збора. Вреди да се спомене дека Грчката академија на науките и уметностите на седницата зад затворени врати на 11 ноември 2004, одлучи да предложи сложено име во еден збор без превод и како што беше објавено во 2008, беше предложено името „Новамакедонија“, пишува весникот.

Новинарот ја споменува и кратенката „МК“ која „Грција не ја прифаќа“ и како што јужниот сосед, меѓународно од „Greece“, ја користи ознаката „GR“, така за нашата земја, според весникот, новата кратенка би можела да биде „GO“ или „GM“ (од Горнамакедонија). „Неа селида“, во анализата, го споменува и идентитетот.

„Во однос на идентитетот на граѓаните на мултинационална земја, тие ќе можат да се самоидентификуваат како „граѓани на Горнамакедонија“, така што ниту една етничка група нема да се чувствува дека е „потчинета“ или ѝ се прекршени нејзините права, пишува „Неа селида“, објави МИА.

Според пишувањата на весникот, официјална Атина сака целосно решение на сите прашања, а меѓу нив иредентизмот, особено во учебниците.

„Неа селида“ коментира дека со отстранувањето на споменикот на Александар Велики од внатрешноста на скопскиот аеродром, се отвора патот за повторно авио-поврзување на двете земји.

„Првиот лет по 12 години ќе биде дипломатски и ќе го однесе Никоа Коѕијас во Скопје, веројатно во средината на март“, пишува весникот.


Можеби ќе ве интересира

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери