Календарот не менува ништо. Кој економски проблем ќе биде и натаму најголем во 2019-та, според комората
Објавено во: Економија 01 Јануари, 2019
Од Стопанската комора на Македонија за Дојче Веле потенцираат дека неквалификуваната работна сила и натаму ќе биде најголем проблем за македонското стопанство во 2019-та.
„Дефинитивно најограничувачки фактор за развој на нашата економија е недостатокот на калификуван кадар. Треба поголемо внимание на стручното образование и продуцирање кадри кои што реално недостасуваат на пазарот на труд“, велат од Стопанската комора на Македонија.
Од таму велат дека во 2018-та соработката со Владата ја оценуваат како позитивна.
„Треба да се инвестира и државата да им помогне на оние кои се оспособени најбрзо да испорачаат работни места и инвестициска активност, ако сакаме да добиеме сите. Веќе имаме консензус за самостојноста на монетарната политика, а добро е што она што го договоривме на советувањето со присуство на Владата, МАНУ и Народната банка во Охрид за реиндустријализацијата и извозот го прифати и опозицијата “, изјави Бранко Азески, претседателот на комората.