Канада се здружува со Мексико за преговорите со Трамп за НАФТА
Објавено во: Економија 23 Мај, 2017
Канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриланд на настан во Мексико Сити ја поддржа идејата преговорите за трговската спогодба НАФТА да бидат трилатерални во кои со исти права ќе учествуваат заедно со САД откако истите ги иницираше новиот американски претседател Доналд Трамп.
Фриланд исто така ја поддржува стратегијата на Мексико за диверзифицирање на стратегијата за проширување на трговијата која нема да биде толку зависна од САД.
Канада смета дека првичниот НАФТА договор донел големи придобивки за земјите од Северна Америка и дека било какви промени треба да ги одразат желбите и потребите и на Канада и Мексико, спротивно на идеите на Трамп дека само САД биле целосно обесправени и затоа губеле работни места, а трговскиот дефицит им се зголемувал.