01 Мај, 2024
0.0282

Кантримен: ОН го реши спорот на Македонија и Грција за 27 долари

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Томас Кантримен, поранешниот претставник на Стејт Департментот, на трибина во Вашингтон иронично рекол дека целокупниот трошок на ОН за решавање на спорот со името помеѓу Македонија и Грција изнесува 27 долари, пренесува Гласот на Америка.

Ова го кажа повеќе на комичен начин затоа што посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, работел бесплатно во преговорите, односно симболично за еден долар годишно. Бидејќи медијаторот беше ангажиран 27 години, тоа се вкупно 27 долари на сметката на американскиот дипломат.

„Патот кон НАТО сега е чист од пречки и веќе е време да се размислува за следната цел, а тоа е спроведување на реформите неопходни за Македонија да биде сериозен кандидат за членство во Европската Унија. Договорот помеѓу Грција и Северна Македонија сам по себе не е доволен. Има уште работа. Но, јас сум оптимист. Мислам дека актуелната влада е посветена на спроведување на потребните реформи и гледам, не утре, не следната година, но во иднина, многу светла европска иднина за државата,“ рече дополнително Кантримен во неговиот говор во кој го поздрави постигнатиот договор помеѓу двете земји.

Организатор на трибината беше Форумот за демократска Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија