КАПИТАЦИОНИОТ БОД НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА, ТРЕБА ДА СЕ ОДРЕДИ СОГЛАСНО МЕТОДОЛОГИЈА: Матичните лекари втор ден протестираат

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2022
Продолжува
протестот на матичните лекари и денеска. Чекалните во амбулантите, односно
ординациите на матичните лекари се празни,
со ретки исклучоци. Доаѓаат само најитните случаи и тие се целосно прифатени од
матичните лекари.
-Ни гледавме хуманоста да биде на прво место, ова не е штрајк туку протест. Избравме модел според кој сме достапни за нашите пациенти со кои го имамем поминато целиот работен век. Значи не го користиме системот МојТермин за издавање рецепти и упати, но имаме наши софтверски програми, така што и медицинската евиденција секако е заведена и електронски и во картоните на пациентите. Ова е искажување револт спрема надлежните, не спрема нашите пациенти, барањата ни се суштински, тие се за опстанокот и тие се упатени кон ФЗОМ и Министерството за здравство. Сме ги повториле стотици пати во изминативе години. Темата ја елаборираме 12 години пред сите министри по ред. МНогу години трпение е ова, имаме многу административна работа, наместо да се грижиме за пациентите, да се дообучуваме како лекари, да применуваме нови методи за лекување, нас не претворија во некакви писари. Сепак, и во овие денови на протест ги прифаќаме сите пациенти на кои им е неопходна итна помош, тие се советувани, истријажирани, упатени каде што треба. Пациентите не поддржуваат максимално, се солидаризираат со нас. Мора да се седне на маса со надлежните и да се решат овие долгогодишни проблеми, бидејќи здравството треба да биде достапно за граѓаните во целата земја, во сите градови, а не само во Скопје, изјави за Фактор д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матичните лекари.
Истовремено, д-р Тања Дејаноска, претседател на Комората на приватно здравство при ССК истакна дека максимално го поддржуваат протестот и оценува дека капитациониот бод за матичните лекари и матичните стоматолози во ниту еден момент не смее да се сведе на политичка одлука, пресметката мора да се направи според посебна методологија.
-Поради фактот што се појавуваат ад-хок здруженија кои се обидуваат да прикажат извртена слика во јавноста нагласувајќи дека не го поддржуваат протестот на матичните лекари, ние кои сме формирани како нешто многу поголемо и многу посериозно, а се нарекуваме Комора на приватно здравство целосно сме на страната на матичните лекари и од јануари наваму апелираме на дијалог, од првиот протест. Повторно ќе кажам дека точката за капитациониот бод за матични лекари и матични стоматолози е поставена од наша страна на дневен ред на управен одбор во ФЗОМ уште на 27 јануари. Оттогаш до денес нема промени.Освен тоа, капитациониот бод не може и не смее да се одредува согласно политичка одлука, мора да се пресмета според посебна методологија. Она што е најсериозен проблем во сето ова е дека енергетската криза дефинитивно ќе удри најсилно по ординациите на лекарите посебно во руралните средини и во помалите места и тие ќе бидат приморани да ги затворат нивните ординации. Лекарите значи ќе останат без работа, а пациентите во тие места ќе останат без лекари. Ќе се создаде вистински хаос, вели д-р Дејаноска.
Очекуваат дека можеби овој министер ќе најде време и начин да ги прими и да се реши нивниот долгогодишен проблем. Инаку, министерот за здравство Беким Сали уште во текот на минатата недела изјави дека не го поддржува најавениот протест на матичните лекари од 5 до 7 септември.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР

„АКО БЕГАЛЕЦОТ ИМА ПАРИ ДА ВОДИ ПРАВНА БИТКА, ЕКСТРАДИЦИЈАТА МОЖЕ ДА ТРАЕ ОД ШЕСТ ДО 12 МЕСЕЦИ“ - адвокатот Митев со неповолни прогнози
А ЗОШТО ДОСЕГА БИЛ НА СЛОБОДА - прилепчанец демнел и се заканувал на јавна обвинителка, објавувал фотографии, а ја малтретирал и ќерката, одреден е притвор

БРЗА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА „ВОЗАЧОТ“ НА ПАЛЧО - го однел во Турција за да им избега на органите на прогонот
