Капитал банка со најголема стапка на адекватност, Еуростандард единствена под минимум пропишаниот

Објавено во: Економија 18 Август, 2020
Стапката на адекватноста на капиталот како едно од клучните мерила за тоа колку финансиски стабилна е една банка покажува дека е највисока кај Капитал банка во Македонија, додека стапката кај Еуростандард банја, на која неодамна и беше одземена лиценцата за работа, има помала од минимум пропишаната.
Според „Законот за банки“ секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8%. Согласно овој закон, секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8 отсто. Вишок над законскиот минимум е исклучително значаен за заштита на системот од шокови, каков што е пандемијата на ковид-19.
Според последните биланси на сите деловни банки во Македонија, Капитал банка има адекватност на капиталот од 23,17 отсто, по што следуваат Стопанска банка Битола со адекватност од 18,9 отсто, Комерцијална банка од 17,62 проценти и Халкбанк е со стапка на адекватност од 17,45 отсто.
На петтото место е ТТК Банка, која исто така има одлична стапка на капиталот, од 16,93 отсто, согласно со финансискиот извештај со крајот на минатата година, па Силк Роуд Банка, со 16,83 отсто, согласно со извештај од крајот на минатата година, НЛБ Банка со 16,7 отсто, според финансиски извештај од 31.12.2018 година.
Шпаркасе Банка Македонија има стапка на адекватност од 16,5 отсто, според финансиски извештај од крајот на минатата година, пред Стопанска банка Скопје, со 16,3 проценти, а до крај следуваат Охридска банка (16,12 отсто), Централна кооперативна банка (16,03), УНИБанка (14,46), ПроКредит Банка (13,74) и Еуростандард банка (5,55 отсто)
Можеби ќе ве интересира
За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати
